Свет
Германија и Јапонија ќе соработуваат во одбраната; Шолц: Сакаме да ја намалиме зависноста од Кина

Германија и Јапонија планираат поблиска соработка во одбраната и снабдувањето со клучни суровини, договорија денеска во Токио лидерите на двете земји.
Следната година, германските вооружени сили повторно ќе испратат брод во Тихиот Океан за да се закотви во Јапонија, рече германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја нарече мисијата „посвета на слободата на навигација“.
Шолц се сретна со јапонскиот премиер Фумио Кишида во Токио, а нивните разговори се фокусираа на меѓународната соработка додека Берлин се обидува да ја намали својата економска зависност од кинеските суровини во услови на тензии околу глобалните синџири на снабдување.
Двете земји сакаат да се решат и да го ограничат ризикот од прекумерна зависност, се вели во соопштението.
Владините институции на Јапонија и Германија ќе ја прошират соработката, а предвидена е и натамошна владина поддршка за екстракција, преработка и рециклирање.
Берлин се обидува да ги диверзифицира добавувачите и да научи од својата поранешна зависност од Москва за снабдување со гас, која беше набрзина прекината откако Кремљ започна инвазија на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Ни требаат 20 системи „Патриот“, подготвени сме да инвестираме

На Украина и се потребни 20 системи „Патриот“ за заштита од руски воздушни закани, кои ќе чинат околу 35 милијарди долари (33,45 милијарди евра), изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да ја инвестира таа сума.
„Потребни ни се 20 од овие системи („Патриот“), а тоа е дефинитивно 35 милијарди долари. Доколку САД ни обезбедат 35 милијарди долари во форма на „Патриот“, ќе сметаме дека тие инвестирале. Ние, пак, сме подготвени да инвестираме иста сума од наша страна“, рече Зеленски, објави УНН.
Според Зеленски, цената на еден систем „Патриот“ е околу 1,5 милијарди долари (1,43 милијарди евра), иако цената може да се зголеми на 1,8 милијарди долари (1,72 милијарди евра) поради војната. Зеленски, исто така, истакна дека Украина сè уште не ги добила сите системи „Патриот“ што беа најавени минатата година.
Свет
Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија.
„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, народот во Германија се умори од политиката без здрав разум, особено во однос на енергијата и имиграцијата, кои преовладуваат со години. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на Доналд Џ. Трамп. Честитки до сите – претстојат уште многу победи“, рече тој.
Излезноста на овие избори, 84 отсто, беше највисока од обединувањето на Германија.
Европа
Германскиот министер за одбрана: Ова е катастрофа

НА предвремените парламентарни избори одржани на 23 февруари 2025 година, Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) освоија 29 отсто од гласовите, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) постигна историски успех со 19,5 отсто од гласовите. Социјалдемократската партија на Германија (СПД) го доживеа својот најлош резултат во својата историја, освојувајќи само 16 отсто од гласовите.
Германскиот министер за одбрана и член на СПД Борис Писториус го опиша изборниот резултат на неговата партија како „катастрофален“. Во интервју за АРД, Писториус изјави: „Ова е катастрофален, катастрофален резултат“. Тој ја истакна потребата од единство во партијата за надминување на оваа криза.
Актуелниот канцелар Олаф Шолц го призна поразот на СПД на изборите. Обраќајќи им се на партиските членови во Берлин, Шолц рече: „Ова е горчлив изборен резултат за Социјалдемократската партија, а во исто време и изборен пораз“. Тој повика на борба за демократија и единство во партијата за надминување на предизвиците што претстојат.