Европа
Германски медиуми: Што се случува со големиот број мигранти кои Германија ги прими во 2015 година?
Еден милион бегалци бараа азил во Германија од 2015 година, интеграцијата на мигрантите е подобра од очекуваното, а голем број бегалци веќе се вработени.
Претседателот на Здружението на работодавачи на Германија, Инго Крамер, во интервју за Augsburg nahrihten изјави дека „интеграцијата напредува подобро отколку што очекувал”.
Од еден милион луѓе кои од 2015 година дошле во Германија, повеќе од 400 000 од нив во меѓувреме нашле работа или се на дополнителна или практична обука за некое работно место, вели Крамер, додавајќи дека е позитивно изненаден од резултатите, пренесува Б92.
„Мигрантите станаа важен дел од германското општество”, рече Крамер, додавајќи дека младите мигранти брзо се најдоа на пазарот на трудот.
Пронаоѓањето на работа е клучно за интеграција во германското општество бидејќи вклучува совладување на германскиот јазик, како и воспоставување на социјални контакти надвор од нивниот миграциски социјален круг.
Позитивните податоци носи и Федералната агенција за работа, која се наведува дека повеќе од 30 000 млади бегалци се на дополнителна обука за одредена професија.
Кога станува збор за тоа дали поголем број бегалци влијаат врз зголемувањето на криминалот во Германија, тогаш настанува проблем, пишуваат германските медиуми и додаваат дека таква шанса постои кај најмладите мигранти кои дошле во Германија без други членови на своите семејства и тие не можат да се снајдат во нова средина или не успеале да најдат работа.
Медиумите протестуваат дека германската канцеларка, Ангела Меркел, во 2015 година донесе одлука Германија да прими голем број бегалци кои претходно биле заробени во Унгарија.
Одлуката на Меркел им ја отвори вратата на многу бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак и многу други земји кои избегаа од војна, сиромаштија и разни други прогони.
За половина година Германија прими околу милион бегалци и мигранти, предизвикувајќи различни реакции во германското општество.
На антиимиграциската платформа дотогаш маргиналната нова партија Алтернатива за Германија (АФД) стана парламентарна.
Во пролетта наредната година оваа балканска рута беше затворена со одлуката на австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц.
И покрај прекинот на доаѓањето на бегалците и затегнување на германските закони со кои се регулира азил, растеше антиимигрантското расположение во германското општество, полицијата забележа зголемување во напади на бегалците и домови за бегалци, пишуваат медиумите.
Терористичките напади, како оној на божиќниот саем во Берлин, го искористи десницата за ширење на ксенофобија и ги споредуваше бегалците и мигрантите со џихадистите, додаваат тамошните медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.