Свет
Ги посипал минувачите во метростаница со киселина, нов напад во Јапонија

По нападот во метрото за време на Олимписките игри, денеска, како што пишуваат јапонските медиуми во Јапонија, се случил нов инцидент – луѓе полеани со киселина.
Светот беше во шок за време на Олимписките игри во Токио, кога напаѓач рани неколку лица во метрото со нож. Неколку недели подоцна, нов напад на денот на отворањето на Параолимписките игри!
Јапонските медиуми јавуваат дека непознат напаѓач истурил сулфурна киселина врз две лица и им ги запалил лицата и нозете, а потоа побегнал. Повредените се згрижени во болница, додека по напаѓачот сè уште се трага.
Околу претходниот инцидент, сторителот рекол дека ги пробол жените со нож бидејќи тие изгледале среќно!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).
Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан, погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четврток во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили, со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Проценката на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово, беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на Телеграм. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментираше до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Свет
Белата куќа ги намали очекувањата пред состанокот меѓу Трамп и Путин

Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, кои ќе се сретнат лице в лице за прв пат по шест години, во придружба само на нивните преведувачи, ќе се обидат да видат дали постои начин да се запре војната во Украина. Трамп рече дека за неколку минути ќе знае дали има простор за договор.
На состанокот нема да се дискутира за конечен мировен договор за Украина – кој, според претходните изјави на Трамп, би можел да вклучува поделба на територијата – предлог што украинскиот претседател Володимир Зеленски досега цврсто го отфрли.
Белата куќа вели дека не очекува голем исчекор, опишувајќи го состанокот како „сослушување“, а не како сериозни преговори.