Свет
Го пронашле мртов во замрзнувач со порака дека сопругата не го убила
Кога Џин Сурон Матерс починала оваа година, полицијата во американската сојузна држава Јута го пронашла телото на нејзиниот сопруг Пол во замрзнувачот во нивната семејна куќа. Покрај него пронашле и изјава заверена на нотар, односно документ во кој стои дека сопругата не е одговорна за неговата смрт, јави Си-ен-ен.
Истражителите објавија дека веруваат оти Пол Матерс починал пред десет години и дека ја истражуваат можноста дали неговата сопруга по неговата смрт продолжила да ја прима бранителската пензија.
Наредникот Џереми Хансен рекол дека истражителите во моментот чекаат финансиска документација во рамките на истрагата.
Се претпоставува дека Пол починал помеѓу 4 февруари и 8 март 2009 година, како и дека боледувал од терминална болест. Пред да умре напишал изјава дека сопругата не е одговорна за неговата смрт и ја заверил на нотар во декември 2008 година.
Џин Сурон Матерс починала на 75 години поради, како што се наведува, природна смрт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.