Свет
Данска ѝ дава дозвола на руска компанија да работи на гасоводот „Северен тек 2“
Данската агенција за енергетика му даде дозвола на „Северен тек 2 АГ“ да врши конзерваторски работи на гасоводот „Северен тек 2“ во Балтичкото Море, кој беше оштетен во серија експлозии во 2022 година.
Работите за одржување се неопходни за да се намалат еколошките и безбедносните ризици, кои произлегуваат од полнењето на гасоводот со морска вода и со другиот природен гас, се вели во соопштението на агенцијата.
„Работата, која ќе биде извршена до крајот на 2025 година, има цел да го зачува оштетениот цевковод со инсталирање сопствени приклучоци на секој од отворените краеви на цевката за да се спречи понатамошно истекување гас и прилив на кислородна морска вода во системот, се додава во соопштението, пренесе „Ројтерс“.
„Северен тек 2“ требаше да ги удвои испораките на рускиот гас во Германија, на вкупно 110 милијарди кубни метри гас годишно. Руски „Газпром“, германските Wintershall Dea и Uniper, австриски ОMV, француски Engie и британски Shell го потпишаа договорот за градење уште кон средината на 2015 година. „Газпром“ е сопственик на 51 отсто од уделите во проектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

