Европа
Две девојчиња го признале убиството на 12-годишната врсничка во Германија, можниот мотив – одмазда
Две девојчиња, на возраст од 12 и 13 години, признале дека ја убиле 12-годишната Луиз, која во неделата беше пронајдена мртва во близина на својот дом во Фројденберг, Германија, соопшти полицијата. Според германските медиуми, најверојатно мотивот за убиството е одмазда, а обвинителот кажал дека емоциите имале голема улога во злосторството.
„По првото испрашување, девојките дадоа контрадикторни изјави, а по второто испрашување, го признаа делото“, изјави портпаролот на полицијата во Кобленц.
Засега официјално ништо не се знае за мотивот на злосторството, а се трага и по ножот со кој е извршено убиството.
Германските медиуми јавуваат дека мотивот за убиството најверојатно е одмазда. Имено, кобниот ден Луиз се скарала со девојчињата кога се враќале од училиште. За време на расправијата, убиената девојка наводно се исмејувала со една од нив, но не се знае на кој начин. Сè уште не е јасно дали била убиена во напад на бес или девојките ѝ поставиле заседа.
„Наводните сторители мора да бидат заштитени бидејќи се деца. Каков мотив би имало едно дете да направи такво злосторство што не му прилега ниту на постар човек. Јасно е дека емоциите одиграа важна улога“, рече обвинителот Марио Манвејлер.
Тој објасни дека девојчињата не подлежат на кривична одговорност поради нивната возраст. „Ова не значи дека ништо нема да им се случи. Тие се во рацете на младинскиот центар“, рече Манвејлер.
Обвинителот прецизира дека девојките што го извршиле убиството припаѓаат на блискиот круг на пријатели на Луиз, а полицијата претходно соопшти дека жртвата имала повеќе убодни рани на телото и починала од загуба на крв.
Телото на 12-годишната Луиз беше пронајдено во неделата наутро во близина на нејзиниот дом, на самата граница меѓу две сојузни покраини, на запад од Германија. Куќата на убиената се наоѓа во сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија.
Луиз исчезнала во саботата додека се враќала дома од куќата на пријател. Била пријавена за исчезната бидејќи не дошла дома, а не се јавила ниту на својот мобилен телефон. Беше почната потрага, во која учествуваа поголем број полициски службеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн
Поранешниот британски министер Питер Манделсон ја напушти Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер по новите извештаи за неговите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, објавија вчера медиумите.
Манделсон, кој беше отстранет од Стармер минатата година од функцијата британски амбасадор во Соединетите Држави по откритијата за неговите врски со Епштајн, рече дека не сака да предизвика „понатамошен срам“ за Лабуристичката партија, се вели во извештаите.
„Овој викенд повторно бев поврзан со оправданата контроверзност околу Џефри Епштајн и жалам за тоа“, рече Манделсон во писмо до Лабуристичката партија, објавено од Би-Би-Си и други.
Манделсон рече дека верува оти обвинувањата за плаќањата на Епштајн на неговата сметка, кои се појавија во британските медиуми врз основа на документи објавени од Министерството за правда на САД, се лажни и ќе ги истражи.
„Иако го правам ова, не сакам да предизвикам понатамошен срам за Лабуристичката партија, па затоа го повлекувам моето членство во партијата“, се вели во писмото. Манделсон беше клучен во изборниот успех на Лабуристичката партија кога Тони Блер беше премиер на почетокот на 1990-тите.
Минатата година тој беше критикуван од јавноста откако американските пратеници објавија документи, вклучувајќи писмо во кое тој го нарекува Епштајн „свој најдобар другар“, што доведе до негово отстранување од функцијата британски пратеник во Вашингтон.
Европа
(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот
Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле.
Украина стана светски лидер во развојот на беспилотни копнени возила (UGV), за кои војската вели дека ќе ѝ овозможат координирање на роботско војување, а воедно и намалување на човечките жртви, според Фондацијата Џејмстаун, одбранбен тинк-тенк.
Сега, видеото стана вирално на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи двајца руски војници како се предаваат на токму таков робот, објавува Futurism.
A ground-based robotic complex captures three Russian soldiers. Zero Ukrainian casualties.
This is how Ukraine fights in 2026.
During a combat mission, Ukraine deployed the Droid TW-7.62 ground robot and forced 3 Russians troops to surrender. — Militarnyi. pic.twitter.com/dEDMpECZoB
— Tymofiy Mylovanov (@Mylovanov) January 28, 2026
Снимки од бојното поле
На видеото се прикажани двајца руски војници како излегуваат од зграда со кренати раце и се предаваат на вооружен робот.
Според украинскиот воен портал Militarnyi, станува збор за извидувачка и ударна копнена единица наречена Droid TW, произведена од украинската одбранбена компанија DevDroid. Дроидот користи вештачка интелигенција за автономно препознавање цели и е вооружен со муниција од 7,62 мм.
Роботот првично е развиен на барање на Првиот медицински баталјон на украинската армија, кој барал начин да ги евакуира ранетите под силен оган, но судејќи според снимките, армијата пронашла друга примена за него.
Европа
Макрон: Руските напади врз цивили се неприфатливи, испраќаме помош во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера ги осуди руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура и најави испраќање генератори во Украина.
„Вчерашниот напад врз патнички воз во регионот Харков е неприфатлив. Франција остро ги осудува руските напади врз цивилите и енергетската инфраструктура. Соочени со итноста, се мобилизираме. По состанокот на Г7+, на кој копретседател е Франција, во Украина ќе бидат испратени генератори за да му се помогне на населението да ја преброди зимата“, рече Макрон на платформата за социјални медиуми Икс.
Неговата изјава следеше по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
J’ai échangé à l’instant avec le Président @ZelenskyyUa.
L’attaque d’hier contre un train de passagers dans la région de Kharkiv est inacceptable.
La France condamne avec la plus grande fermeté les frappes russes contre les civils et contre les infrastructures énergétiques.…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) January 28, 2026
„Ставот на Франција е јасен: ние ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно за да се одбрани и да ја победи агресијата предводена од Русија. Украина може да смета и на Франција во рамките на Коалицијата на волните. Ние продолжуваме да работиме на создавање услови за праведен и траен мир што ја гарантира безбедноста на Украина и Европа“, рече Макрон.
Тој додаде дека европските лидери се согласиле целосно да бидат вклучени во дискусиите што ги засегаат во контекст на тековните мировни преговори.
„Франција останува решена да го зголеми притисокот врз Русија сè додека таа избегнува мир. Работиме на нови санкции на европско ниво и ќе продолжиме со нашите напори за нарушување на флотата во сенка“, додаде Макрон.

