Свет
Две жени јавно камшикувани поради користење мобилни телефони
Талибанците јавно камшикувале две жени во северниот дел на Авганистан бидејќи користеле мобилни телефони. На снимките што ги објавија медиумите може да се види дека талибанците како ги камшикуваат двете жени додека тие облечени во сини бурки клечат неподвижно пред нив, додека се удирани по главата и телото.
Жените, чии имиња не се објавуваат, биле прогласени за виновни поради кршење на талибанското строго толкување на шеријатскиот закон, откако, според полицијата, ја посетиле локалната болница без присуство на мажите.Тие исто така биле забележани од страна на талибанските борци како комуницираат со мобилни телефони.
Taliban lashes two women in Darzab district of Jawzjan for allegedly "making phone calls". pic.twitter.com/qcyE23Lut6
— Ariana News (@ArianaNews_) October 28, 2018
Обаид Али, стручњак од независниот истражувачки центар во Кабул, објаснува дека талибанската културна комисија им забранила на сите борци да користат паметни телефони уште во 2016 година, поради безбедносни и верски причини. Милитантите, додава тој, вовеле забрана за користење на мобилните од страна на цивилите во подрачјата што се под нивна контрола, поради опасност од американските напади со беспилотини летала и за следење и откривање на локациите.
Па така во деловите на јужната провинција Хелманд се забранети мобилни телефони и интернет. Талибанските борци комуницираат преку воки-токи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.