Свет
Деветмина загинати и над 100 повредени во пожар во фабрика за производство на топчиња за голф на Тајван

Девет лица загинаа во пожар во фабрика за производство на топчиња за голф на Тајван, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите четворица се пожарникари.
Во пожарот, кој избувна за време на викендот, повредени се повеќе од 100 луѓе, главно работници, изјави владата на округот Пингтунг, во јужниот дел на Тајван.
Едно лице сè уште се води како исчезнато, а потребни се дополнителни тестови за да се идентификуваат телата пронајдени на местото на пожарот. Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен го посети местото на пожарот и повика на истрага.
Претставник на противпожарната служба за локалните медиуми изјавил дека пероксидот пронајден во фабриката можеби го предизвикал пожарот, во кој се урнал дел од покривот на фабриката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Трамп испрати 200 војници од Националната гарда на Тексас во Илиноис

Двесте припадници на Националната гарда на Тексас пристигнаа во Илиноис, изјави официјален претставник на Пентагон, пред планираното распоредување во Чикаго, на кое остро се спротивставуваат локалните демократски претставници.
Американскиот претседател Доналд Трамп веќе испрати војници на улиците на Лос Анџелес и Вашингтон и им нареди да одат во Мемфис, како и во Чикаго и Портланд, заканувајќи се дека ќе ги искористи вонредните овластувања за да го овозможи тоа доколку судовите го блокираат.
🚨 HAPPENING NOW: Heavy military presence outside the Broadview ICE facility in Illinois.
Snipers can be seen on top of armored vehicles. Protesters are also being arrested.This is insane. This is not America anymore. pic.twitter.com/PvakidqfbI
— Ron Smith (@Ronxyz00) October 3, 2025
Трамп, кој минатата недела предложи американските градови да се користат како „полигони за обука“ за американските воени сили, го преувеличува обемот на немирите во Лос Анџелес и криминалот во Вашингтон за да ги оправда распоредувањата, а судијата кој пресуди по тужбата на локалната самоуправа да ги испрати во Портланд, сугерираше дека Трамп го сторил истото и во случајот со тој град.
Војниците од Тексас беа испратени во Илиноис како дел од мисијата за заштита на „федералните објекти, персонал и средства“, изјави официјален претставник на Пентагон под услов да остане анонимен, додавајќи дека гардистите биле мобилизирани за почетен период од 60 дена.
JUST IN: Texas National Guard troops arrive at the Army Reserve Training Center in Elwood, Illinois. pic.twitter.com/QC8WLcXFvX
— Fox News (@FoxNews) October 7, 2025
Војниците биле видени во вторник во воена база во Елвуд, југозападно од Чикаго.
Планираното распоредување на силите го налути демократскиот гувернер Џ. Б. Прицкер, кој рече дека тие „треба да останат надвор од Илиноис“ и дека секое распоредување против желбите на службениците на Илиноис би претставувало „инвазија“.
фото: принтскрин
Свет
Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаност на затворите

Белгиската влада ја разгледува можноста за изградба или издавање под наем на затвор во странство, евентуално на Косово или во Албанија, со цел да се реши проблемот со пренатрупаноста во локалните затвори, според „Brassels Times“.
Министерката за правда Анелиз Верлинден и министерката за миграција Анелин ван Босајт започнаа тридневна мисија на Косовои и во Албанија за да ја проценат политичката подготвеност за прием на белгиски затвореници и зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал, пишува бриселскиот весник.
За време на посетата на Балканот, се очекува да се потпише декларација за намера за споделување на конфискуван имот стекнат преку криминални активности, вклучително и средства запленети како дел од истрагата за шифрирана комуникација „SKY ECC“, според текстот на белгискиот весник.
Белгискиот затворски систем моментално има повеќе од 13.000 затвореници, додека капацитетот е околу 11.000 места, а околу една третина од затворската популација ја сочинуваат странци без дозвола за престој, што е околу 4.400 лица.
Белгиската влада смета дека преместувањето на дел од затворениците во странство би можело да го намали притисокот врз затворскиот систем.
Планот е базиран на данскиот модел од 2021 година, според кој Данска изнајмува затворски објекти во Косово, но белгиските власти признаваат дека сличен проект би барал неколкугодишна подготовка и значителни финансиски средства, објаснува весникот, пренесува Танјуг.
Според студијата на белгискиот комесар за бегалци, Косово и Албанија се единствените територии надвор од ЕУ кои, како што се тврди, „ги исполнуваат условите за евентуално воспоставување затворски капацитети – почитување на владеењето на правото и човековите права“.
Иако белгиската влада тврди дека трансферот на странски затвореници би придонел за олеснување на системот, анализите покажуваат дека таквата мерка би можела да опфати максимум околу два проценти од вкупната затворска популација, заклучува „Брасселс тајмс“ и додава дека, засега, мисијата на министерот има исклучиво истражен карактер.
Фото: принтскрин
Свет
Фон дер Лајен: ЕУ мора да одговори на хибридната војна

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предупреди во Европскиот парламент дека Европа мора да одговори на хибридните закани, вклучувајќи ги неодамнешните инциденти со беспилотни летала и повреди на воздушниот простор, со мерки што одат подалеку од традиционалната одбрана.
„Ова не е случајно вознемирување. Тоа е кохерентна и ескалирачка кампања насочена кон вознемирување на нашите граѓани, тестирање на нашата решителност, поделба на Унијата и ослабување на поддршката за Украина. Време е да ја наречеме со нејзиното вистинско име: хибридна војна“, рече Фон дер Лајен во Европскиот парламент во Стразбур.
Таа не ја обвини директно Русија за сите инциденти, но нагласи дека целта на Москва може да биде да „сее поделби“ во Европа.
Фон дер Лајен рече дека на руските закани треба да се спротивстави со единство, одвраќање и решителност.
Фото: принтскрин