Свет
Девојче почина на својот 11-ти роденден кога жена од соседниот стан употребила отров за бубачки во Лондон
Жена доби условна казна бидејќи случајно убила девојче на нејзиниот 11-ти роденден со отровна материја што ја донела од Италија за да ги истреби бубачките во својот стан во Лондон.
Џесмин Актер (34) илегално увезувала алуминиум фосфид, без дозвола, за борба против наездата од бубачки во нејзиниот стан во Тауер Хамлетс, источен Лондон.
Актер не ги прочитала упатствата на амбалажата пред да ја рашири смртоносната количина на имотот и да го изнесе своето семејство од станот цели 24 часа.
Супстанцијата реагирала со влага за да формира отровен гас фосфин, сличен на хемиските борбени агенси, и навлегла во соседните станови убивајќи ја Фатиха Сабрин на нејзиниот 11-ти роденден и предизвикувајќи хоспитализација на уште едно мало дете.
Жената го признала убиството од небрежност, а во четвртокот била осудена на две години затвор условно од две години плус 150 часа неплатена работа.
Алексија Дуран, судија во Олд Бејли, истакна дека има проблем со креветите во станбената зграда на обвинетата.
„Сопственикот презеде одредена акција, но се чини дека беше прилично површна, а вработените, кои ја вршеа дезинсекцијата во минатото, се чини дека не биле добро или воопшто обучени“, рече таа.
Одлуката на Актер да го реши проблемот со земање алуминиум фосфид на патнички лет од Италија можеше да предизвика „катастрофален инцидент во воздухот и да доведе во опасност стотици животи“ доколку амбалажата беше оштетена, рече судијата.
Во релативно кус период откако таа ја дистрибуира супстанцијата во својот стан, другите жители, вклучително и децата во блокот, почнаа да се чувствуваат лошо, беше кажано на судот.
Судијата се повика на изјавата на скршениот татко на Фатиха, Мохамед Ислам.
Тој ја опиша својата ќерка како „неверојатно интелигентно дете, кое се дружело со сите и била голема помош за својата мајка“.
„Фатиха почина на нејзиниот 11-ти роденден. Сега тоа го прогонува нејзиното семејство. Казната што ќе ја изречам нема да ја врати Фатиха и ќе изгледа несоодветна за семејството на Фатиха“, рече судијата.
Во изјавата Актер рече дека производот против бубачки го добила по совет на семејството, но не го прочитала пакетот.
Таа рече дека не знаела оти производот содржи опасен отров додавајќи дека е очајна откако се обидела и не успеала да се ослободи од наездата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

