Свет
Дедо во Сиднеј отишол да го земе внукот од градинка, го однел погрешното дете дома
Неименуван маж отишол да го земе внукот од градинка во Сиднеј и по грешка го однел погрешното дете дома, што довело до истрага во таа институција, а еден наставник бил суспендиран.
Дедото случајно го зел погрешното дете, кое во тој момент спиело, и го однел дома со себе, а наставниците ја откриле грешката дури кога мајката на момчето дошла да го земе и сфатила дека го нема таму, објавува „Гардијан“.
„Не можам да го објаснам тоа чувство. Не го обвинуваме. Не сме му лути, ја обвинуваме градинката“, рекла мајката на погрешно земеното едногодишно дете.
Сопругата на дедото што го однел момчето изјавила за „Сиднеј морнинг хералд“ дека грешката го вознемирила нејзиниот сопруг и тој брзо го вратил едногодишното дете кога сфатил дека има погрешно дете со себе. „Многу сум среќна што малото било добро“, рекла таа, додавајќи дека нејзиниот сопруг пристигнал да го земе внукот во центарот кога децата спиеле и собата била темна.
Австралиската регулаторна агенција за образование и грижа за деца објави дека спроведува „темелна истрага“ за „длабоко загрижувачкиот и сериозен инцидент“, пренесува Танјуг.
Агенцијата додаде дека полицијата на Нов Јужен Велс е известена, но полицијата вели дека нема евиденција за полициска истрага.
Триша Хејсти, вработена во градинката, им се извини на семејствата за инцидентот, кој го опиша како „изолиран случај“.
„Ова никогаш порано не се случило во предградието Бангор, ниту во кој било друг наш центар“, рече Хејсти.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа
Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека смената на режимот во Иран „би била најдобрата работа што може да се случи“.
– Само зборуваат и зборуваат и зборуваат веќе 47 години – наведе Трамп.
Тој потврди и дека најголемиот носач на авиони во светот „УСС Џералд Р. Форд“ од Карипско Море ќе биде распореден на Блиски Исток. Тој ќе се придружи на носачот „УСС Абрахам Линколн“ и на бродовите разорувачи со наведувачки ракети, кои во регионот се повеќе од две недели.
– Ќе ни треба во случај да не постигнеме договор. Многу брзо заминува – истакна Трамп.
Но, Трамп навести дека е можен договор со Иран и избегнување на воена операција.
– Ако ни дадат прав договор, нема да го сториме тоа – посочи Трамп.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos

