Свет
Денес ќе биде погребан Џорџ Флојд, телото ќе биде изложено неколку часа за луѓето да му оддадат почит

Во Хјустон денеска ќе биде погребан Афроамериканецот Џорџ Флојд, чие убиство во полициска акција во Минеаполис предизвика протести во САД, но и во светот.
Предвидено е неговото тело да биде јавно изложено шест часа на комеморацијата во Хјустон по што ќе биде погребано, пренесе АП.
Флојд почина на 25 мај за време на апсење кога полицаец со коленото го притисна на вратот и го држеше 8 минути, а неговата смрт предизвика протести против расна дискриминација и полициска бруталност во САД и светот.
Претходно, комеморативни служби за Флојд беа одржани во Минеаполис, каде што беше убиен и во Редфорд, неговото родно место во Северна Каролина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски повикува на вистински и траен мир во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика денеска во Киев да се воспостави „вистински и траен мир“ оваа година, за време на состанокот организиран во Киев по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија на Украина.
„Оваа година треба да биде година на почеток на вистински и траен мир“, рече Зеленски, претседавајќи со состанокот во Киев со десетина западни лидери кои дојдоа да ја изразат својата поддршка за Украина.
Додека се одржува состанокот, ширум Украина е издадено предупредување за воздушен напад.
„Ракетна закана на целата територија на Украина“, соопшти украинското воздухопловство, додавајќи дека полетал руски авион МиГ-31 кој носел ракети.
Регион
(Фото) Пукал во полицајци кај Мостар, фрлил бомба, па им го украл автомобилот и го удрил: филмска потера во БиХ

Во неделата вечерта, полицијата во близина на Мостар уапси маж по филмска потера во која осомничениот нападнал полициска патрола и и го украл возилото, кое подоцна го удрил.
Четириесет и петгодишен маж бил сопрен од полициска патрола во Невесиње во источна Херцеговина, по што пукал во неа и фрлил бомба која не експлодирала.
После тоа украл полициско возило и се упатил кон Мостар. Полицијата од Невесиње побарала помош од колегите од Мостар, кои, според соопштението на полицијата, почнале да го бркаат по 22:30 часот. Тие набрзо го пронашле полициското возило кое излетало од пат кај Мостар.
Полицајците го уапсиле бегалецот на местото на несреќата и го префрлиле на лекување во Ургентниот центар во Мостар. Откако лекарите констатирале дека не се здобил со повреди за кои е потребна хоспитализација, тој е предаден на службениците во Полициската станица Невесиње.
Европа
(Видео) Фрлени молотови коктели кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со молотов коктел, а нема информации за жртви, јавува Anadolu.
Инцидентот се случил околу осум часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат бројни странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два молотови коктели биле фрлени во дворот на конзулатот, но за среќа не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј, опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.