Свет
Десет години по масакрот во Норвешка, Брејвик бара ослободување
Десет години по извршувањето на најсмртоносниот напад во Норвешка, десничарскиот екстремист Андерс Беринг Брејвик ќе побара од судот условно ослободување, а се очекува судот да го одбие барањето. Семејствата на жртвите, кои стравуваат дека Брејвик ќе го искористи сослушувањето за да ги промовира своите политички ставови, апелираат да му се скрати вниманието што го бара.
Од безбедносни причини општинскиот суд во јужниот регион Телемарк ќе одржи рочиште за барањето на Брејвик во салата на затворот „Скиен“, каде што Брејвик ја издржува казната.
Брејвик, кој уби 77 луѓе, во 2012 година беше осуден на 21 година затвор, со можност за неопределено продолжување на казната додека тој претставува закана за општеството. Во тоа време тоа беше најголемата можна казна во Норвешка иако оттогаш законот беше изменет за да се овозможи изрекување подолги затворски казни.
Екстремистот морало да издржи најмалку 10 години затвор пред да поднесе барање за условно ослободување.
Брејвик, кој сега има 42 години, уби осум лица во Осло со активирање камион полн со експлозив пред владините канцеларии на 22 јули 2011 година. Потоа застрела 69 луѓе, главно тинејџери, во летниот младински камп на Лабуристичката партија на островот Утоја. Тоа е најсмртоносниот напад во Норвешка од Втората светска војна.
„Како и во секоја друга држава со владеење на правото, осуденикот има право да поднесе барање за условно ослободување. Брејвик одлучи да го искористи тоа право“, изјави неговиот адвокат Ојстеин Сторвик за AFP.
На суд и во разни комуникации, вклучително и со АФП, Брејвик во минатото тврдеше дека се дистанцирал од насилство. Сепак, Торе Бјорко, раководител на Центарот за проучување на екстремизмот (C-REX) на Универзитетот во Осло, вели дека Брејвик не станал помал екстремист во идеолошка смисла.
„Сега тој се претставува како националсоцијалист. Иако вели дека, што се однесува до него, вооружената борба е минато, тој на ниту еден начин не се огради од масовното убиство што го изврши и кое го смета за целосно легитимно“, рече тој.
Во тужбата против норвешката држава што ја поднесе во 2016 година за изолација во затвор Брејвик се спореди себеси со Нелсон Мандела истакнувајќи дека тој преминал од вооружена во политичка борба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.