Свет
Дизниленд ги отвори вратите за посетителите, но засега само за вакцинираните
Целосно вакцинираните лица против Ковид-19 од утре ќе може да влезат во тематските паркови на компанијата „Волт Дизни“ без маски, објави американската компанија.
Ова правило ќе важи за посетителите на Дизниленд во Орландо и Анахајм, објави „Ројтерс“.
Компанијата нема да побара доказ за имунизација на влезот, но наведе дека очекува луѓето што не биле целосно вакцинирани да продолжат да носат маски во затворено, освен за време на оброците.
Маските ќе бидат задолжителни за сите посетители во транспортот, вклучително и автобуси, електрични возови и гондоли.
Физичкото растојание повеќе нема да биде потребно во Дизниленд, Калифорнија.
Сепак, некои видови забава ќе работат со ограничен капацитет, додаваат од „Волт Дизни“.
„Ние не сме навистина подготвени да укинеме сè одеднаш, но сме оптимисти и едвај го чекаме денот кога принцовите и принцезите на Дизни ќе може повторно да се прегрнат“, заклучи компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за да ја продолжи војната со Русија во следните четири години.
Тој рече дека се очекува Европската Унија да ја плати сметката, но истакна дека „не е работа на Унгарија да ја финансира Украина“, иако неговата земја е членка на ЕУ.
Орбан рече дека, освен ЕУ, нема никој друг кој е подготвен да ја плати сметката, пренесува МТИ.
„Затоа Брисел е толку вознемирен. Затоа сакаат да запленат замрзнати руски средства, да го ревидираат системот за финансирање на ЕУ и да земат нови заеми. Ние го отфрламе тоа. Не е работа на Унгарија да ја финансира Украина. Немаме причина за тоа, ниту политички, ниту економски, ниту морално. Не сме сами во Европа, но зборуваме најотворено. Затоа Брисел постојано нè напаѓа“, рече Орбан.
Тој рече, користејќи германски термин, дека ЕУ сака „влада (jawohl)“, односно влада која само ќе каже „разбирам“.
„Тие сакаат „jawohl“ влада со Канцеларија на европски јавен обвинител, економска политика што е во согласност со ЕУ, експерти одобрени од Брисел и премиер кого можат да го контролираат“, рече Орбан.
Тој најави дека владата на таа земја ќе ги поддржува унгарските семејства, компании и пензионери во следните четири години, како дел од кои ќе се воведе ослободување од данок за мајките со две или три деца, а ќе се врати 14-тата пензија.
„Не можеме да дозволиме унгарски пари да се испраќаат во Украина“, заклучи Орбан.
Фото: принтскрин
Свет
Фон дер Лајен: Украина нема да биде сама оваа зима, ЕУ стои покрај вас
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека ЕУ стои покрај Украина и е подготвена да ја обезбеди потребната помош за земјата да не се соочи сама со претстојната зима.
„Украина нема да биде сама оваа зима. ЕУ стои покрај вас и обезбедува итна енергетска помош за поддршка на Украина во наредните месеци“, напиша Фон дер Лајен на платформата X.
Таа додаде дека Европската комисија истовремено разгледува опции за обезбедување на потребната континуирана финансиска поддршка за Украина.
„Утре ќе го усвоиме нашиот Пакет за проширување, кој ќе ја истакне исклучителната посветеност на Украина на нејзиниот европски пат во текот на изминатата година“, рече претседателката на ЕК.
Фон дер Лајен нагласи дека пораката на Комисијата е јасна: Украина е подготвена да продолжи напред.
Руските напади врз украинската инфраструктура се интензивираа во претходните денови и затоа, според украинската јавна служба „Суспилна“, има големи прекини и ограничувања на капацитетот за дистрибуција на електрична енергија во Украина, а во неделата целиот регион Донецк остана без електрична енергија поради руските напади, пренесуваат медиумите во регионот.
Свет
Зеленски за ситуацијата на фронтот: Разбирате колку ни е тешко
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека речиси една третина од борбите на фронтот, во војната со Русија, моментално се водат во регионот Покровск, на југоистокот од Украина.
„Триесет проценти од сите борбени операции на фронтот се одвиваат во Покровск. Покрај тоа, 50 проценти од сите употреби на водени бомби одат во Покровск.
Разбирате колку ни е тешко“, рече Зеленски на прес-конференцијата, пренесува Укринформ.
Тој рече дека ситуацијата е разговарана со штабот на одбранбените сили, а во врска со Купјански, Зеленски рече дека нема промени во насоките Лимански и Краматорск, како и дека борбите продолжуваат во Костјантинивка и Добропиље, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин

