Свет
Доналд Трамп тргна на суд: „Уапсете ме, тоа е голема чест“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе биде официјално обвинет на судско рочиште денеска околу 22:00 часот по средноевропско време за заговор за поништување на неговиот пораз на изборите во 2020 година.
Пред судењето, поранешниот републикански претседател случајот го нарече доказ за „корупцијата, скандал и неуспехот“ на претседателствувањето на Џо Бајден. Во Вашингтон за сослушувањето е зголемено обезбедувањето, пишува Би-Би-Си. Веќе има два процеси против Трамп, но тој се уште се подготвува за претседателските избори кои ќе се одржат следната година. Обвинението од четвртокот се смета за најсериозно.
„Ми треба уште едно обвинение за да се обезбеди победа на изборите“ напиша Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Social Truth“ непосредно пред да го напушти својот дом во Њу Џерси и да се упати кон Вашингтон.
Трамп го сподели и моментот кога се упати кон судот.
„Сега одам во Вашингтон, каде што ќе ме уапсат бидејќи се соочив со корумпирани, наместени и украдени избори. Голема чест е затоа што ќе ме уапсат поради вас. Да ја направиме Америка повторно голема!!!“ напиша Трамп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ се обрати на јавноста од воздухопловната база Тел Ноф за време на посетата заедно со министерот за одбрана и началникот на генералштабот.
Нетанјаху изјави дека Израел е „на пат кон победа“.
Од воздухопловната база Тел Ноф ја повтори изјавата што денес повеќепати се слушаше од Израел – дека Израел „го контролира небото над Техеран“.
Нетанјаху изјави и дека Израел има две цели во Иран – oтстранување на нуклеарната закана и отстранување на ракетната закана.
Во текот на ноќта, Израел извршил напади на повеќе нуклеарни локации во Иран.
Нетанјаху исто така им се обрати на жителите на Техеран, повикувајќи ги да „го напуштат градот“, повторувајќи ја тактиката што Израел ја користеше во Газа – повик до голем број цивили да евакуираат пред нападите врз станбени области.
Израелскиот претседател Исак Херцог исто така денес ѝ се обрати на јавноста.
Тој го посети местото на ракетниот напад во градот Петах Тиква, во централниот дел на Израел, каде во нападот загинаа четворица луѓе.
Стоејќи пред оштетената зграда, Херцог изјави дека дошло време за промена на режимот во Иран.
„Мислам дека иранскиот народ сака промена. А исто така и целиот регион – заслужуваме промена“, изјави Херцог.
Свет
Пакистан ги затвори сите гранични премини со Иран

Пакистан ги затвори сите гранични премини со соседен Иран на неодредено време, потврдија покраинските власти, а Израел и Иран разменуваат интензивен оган и се закануваат со понатамошни напади.
„Граничните премини во сите пет области се затворени“, изјави Кадир Бакш Пиркани, висок функционер во покраината Белуџистан, која граничи со Иран, за АФП.
Од Техеран за време на викендот беше испратена порака дека Пакистан ќе го нападне Израел со нуклеарно оружје во случај на израелски нуклеарен напад врз Иран.
Зборувајќи на државната телевизија, генералот Мохсен Резаи, висок ирански воен командант и член на Советот за национална безбедност, рече дека Пакистан се согласил да го поддржи Иран и да почне нуклеарен напад во случај на израелски нуклеарен напад.
„Пакистан ни кажа дека ако Израел употреби нуклеарна бомба врз Иран, тогаш и Пакистан ќе го нападне Израел со нуклеарна бомба“, рече Резаи.
Сепак, Пакистан го негира тврдењето. Пакистанскиот министер за одбрана, Хаваџа Мухамед Асиф, рече дека Пакистан не презел таква обврска.
„Нашите нуклеарни капацитети служат за доброто на нашиот народ и за одбраната на нашата земја од непријателските планови на нашите непријатели. Ние не водиме хегемонистичка политика против нашите соседи како што Израел прави обилно овие денови“, рече Асиф.
Европа
(Видео) Блиска сојузничка на Орбан ги плаши Унгарците со влезот на Украина во ЕУ: објави снимка од маж врзан во багажник

Унгарската опозиција го осуди видеото објавено од Александра Сенткираљи, блиска сојузничка на премиерот Виктор Орбан.
Сенткираљи објави видео на „Фејсбук“ на кое се гледа маж врзан во багажникот на автомобил, додека Сенткираљи зборува за наводното зголемување на заканите поврзани со трговија со луѓе, шверц со дрога и трговија со органи доколку Украина се приклучи на Европската Унија.
Подоцна се дозна дека човекот на видеото е вработен во канцеларијата на унгарскиот премиер.
Until yesterday, Fidesz Party had only one well-known female politician. But no longer.
Alexandra Szentkirályi was someone you could either like or dislike. You could agree with her or criticize her.
One thing is certain: as of today, Alexandra Szentkirályi has no place in… pic.twitter.com/MeA99i3QyD— Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeter102) June 14, 2025
Ференц Геленчер, пратеник од опозицијата од партијата Моментум, изрази негодување поради видеото и најави дека ќе поднесе полициска пријава против Сенткираљи. Тој тврди дека лагите што би можеле да го загрозат јавниот ред, да шират опасни шпекулации или да сугерираат закани за јавната безбедност се кривични дела.
„Како некој може да биде толку глупав за вака да напаѓа земја во која живеат и Унгарци?“, рече Геленчер повикувајќи ја Сенткираљи да го избрише видеото.
Сенткираљи му беше портпаролка на Орбан од 2020 до 2024 година. Минатата година таа објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Будимпешта како претставник на владејачката партија, но подоцна ја повлече својата кандидатура во корист на друг технички кандидат поддржан од Орбан.
Орбан неодамна повтори дека Украина не треба да биде примена во Европската Унија тврдејќи дека земјата е домаќин на измамници што ги лажат Унгарците и заработуваат пари наводно дејствувајќи од украинска територија. „Украина е опасна земја“, нагласи Орбан.