Свет
Паника на плажа во Шпанија поради ајкула: спасувачите им наредиле на туристите да излезат од водата
Спасувачите им наредиле на туристите да излезат од морето на популарната плажа во Мајорка, откако во водата била забележана ајкула.
Туристите излегле од морето откако сина ајкула била забележана од брегот и поминала во плиткото. За среќа, нема информации за повреди, а ајкулата исчезнала по неколку минути.
Драмата се одвивала утрово на Плаја де Палма, плажа долга 6,5 километри што се протега помеѓу Кан Пастила и поранешното рибарско село Ел Аренал, кое привлекува голем број британски, германски и холандски туристи во текот на летните месеци.
Lifeguards rush tourists in Spain out of the sea after spotting shark nearby https://t.co/jEK28NXQxr pic.twitter.com/2n6Rs1wiLy
— Mirror Travel (@MirrorTravel) August 3, 2023
Тоа доаѓа откако неколку ајкули беа забележани во јуни кај Балеарските Острови, како и Коста Бланка. На 24 јуни, сина ајкула беше снимена во водата во Кало де Мултон, мал залив со камчиња на северот на Ибица, кое е популарно место за нуркање.
Глетката дојде нешто повеќе од една недела откако ајкула предизвика паника на плажата Агуамарина на Орихуела Коста јужно од Аликанте два дена претходно. Истиот ден беше пријавено дека истиот вид ајкула е забележана во пристаништето Сиутадела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.