Европа
Драма над Балтикот: германски борбени авиони пресретнале руски авион
Германски борбени авиони пресретнале руски извидувачки авион над Балтичкото Море и го испратиле од германска територија, објавија германските медиуми.
„Руски извидувачки воен авион е забележан во близина на островот Реген по што два авиона „еврофајтер“ полетаа од базата Лага кај Росток, па рускиот авион беше придружуван подалеку од германска територија“, потврди агенцијата ДПА.
Дополнително, наведува агенцијата, било потврдено дека авионот се приближувал до германскиот воздушен простор, но дека го променил правецот по полетувањето на германските авиони. Целиот инцидент се случил во саботата, пишува медиумот.
Во меѓувреме, данската влада го повикала рускиот амбасадор во таа земја на информативен разговор поради неодамнешното влегување руски воен авион во данскиот воздушен простор над балтичкиот остров Борнхолм. Во таа пригода рускиот авион го нарушил и шведскиот воздушен простор, пренесуваат медиумите во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Зеленски ги критикуваше европските лидери: „Дали Трамп воопшто ќе ве забележи?“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди европските лидери дека Доналд Трамп ќе ги игнорира доколку континентот не се грижи повеќе за сопствената одбрана. Зеленски инсистираше на тоа дека Европа мора да стане понезависна од Вашингтон бидејќи не постои гаранција дека неговиот американски колега е посветен на НАТО алијансата.
„Дали претседателот Трамп воопшто ќе ја забележи Европа? Дали го гледа НАТО како неопходност? И дали ќе ги почитува институциите на ЕУ“, праша Зеленски во говорот на Светскиот економски форум во Давос.
Зеленски го опиша својот остар говор како повик за будење до европските лидери, вклучително и оние во Британија и Франција. Зеленски тврди дека Европа мора да стори повеќе за да докаже дека може да застане на свои нозе и да биде „силен глобален“ играч и „незаменлив“ на светската сцена.
„Поголемиот дел од светот сега размислува: Што ќе се случи со нашиот однос со Америка, што ќе се случи со сојузите, трговијата? Како претседателот Трамп сака да ја заврши војната?… Но, никој не ги поставува овие прашања за Европа“, рече тој.
Zelensky at the Davos Economic Forum:
"The US doesn't care whether the EU will continue to be their ally. Washington doesn't believe that Europe can bring the US anything truly significant," Zelensky said
That is, the entire West will be represented by the US and they will… pic.twitter.com/2HGvVUb0gJ
— Victor vickop55 commentary (@vick55top) January 21, 2025
„Кога ние во Европа гледаме на САД како наш сојузник, јасно е дека тие се незаменлив сојузник. Во време на војна, сите се прашуваат дали САД ќе застанат покрај нив… Но, дали Американците се прашуваат дали Европа еден ден ќе се откаже од нив или ќе престанат да бидат нивни сојузник? Одговорот е не“, додаде тој.
„Европа не може да си дозволи да биде втора или трета по ред пред своите сојузници. Ако тоа се случи, светот ќе почне да се движи без Европа, а тоа би бил свет што не би бил пријатен или корисен за сите Европејци“, рече тој на собирот во Давос.
Европа
Италијански студенти го обесија наопаку ликот на Маск на плоштад во Милано
Лево-ориентираните италијански студенти вчера го обесија наопаку ликот на Илон Маск на Пјацале Лорето, познатиот плоштад во Милано каде што телото на Бенито Мусолини беше обесено и осквернавено во 1945 година. Овој чин беше реакција на наводниот фашистички поздрав што најбогатиот човек на светот го изведе за време на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп.
Маск, шефот на Тесла, Икс и Спејс Икс, кој треба да раководи со новата владина канцеларија за ефикасност под Трамп, изврши два поздрави со испружена рака по говорот на Трамп за инаугурација за вториот мандат.
Одговарајќи на бранот критики за овие гестови, Маск изјави: „Искрено, им требаат подобри валкани трикови. Нападите од типот ‘сите се Хитлер’ се веќе толку истрошени“.
Студентите од колективот Cambiare rotta (Да го промениме правецот), кои се нарекуваат организација на млади комунисти, реагираа со поставување на кукла со лицето на Маск, направена од вреќа, која ја закачија наопаку на ограда во Пјацале Лорето.
Тие порачаа на социјалните мрежи: „Секогаш има место во Пјацале Лорето, Илон…“
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.