„Ако цената на нафтата падне, веднаш ќе се стави крај на руско-украинската војна. Во моментот цената е доволно висока и оваа војна ќе продолжи – затоа мораме да ја спуштиме“, рече тој во видеопораката до Светскиот економски форум во Давос.
Свет
Европските индекси во пораст, како и цените на нафтата и златото, заврши форумот во Давос
Европските берзански индекси денеска бележат најголем пораст поттикнати од добрите продажни резултати од производителите на луксузна облека „Барбери“, ЛВМХ и „Керинг“, додека на пазарот истовремено се бележи пораст на цените на нафтата, златото и на пченицата.
Светскиот економски форум во Давос завршува денеска, а на последната дискусија за оваа година, закажана за 11 часот, меѓу другите, ќе учествуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, кои ќе разговараат за глобалната економска перспектива.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 10.45 часот порасна на 21.501,44 поени, францускиот CAC 40 на 7.965,89 поени, московскиот MOEX на 2.954,53 поени, а британскиот FTSE 100 падна на 8.534,91 поен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Турист загина кај Пантеонот во Рим
Јапонски турист, на околу 70 години, починал во Рим откако паднал кај Пантеонот, објави Анса.
Според информациите на италијанските медиуми, човекот не бил на самиот објект, туку на периферниот дел — кај оградениот археолошки простор што го опкружува Пантеонот. Тоа место има камен ѕид висок неколку метри, кој дели рамна површина (каде минуваат туристите) од понизок археолошки дел, нешто како ров.
Се претпоставува дека туристот се потпрел или се наведнал над ѕидот, изгубил рамнотежа и паднал во тој понизок простор, длабок околу 7 метри.
Спасувачките напори не успеале, а пожарникарите морале насилно да ја отворат влезната порта пред Пантеонот за да стигнат до телото.
Полицијата и локалните власти биле на местото на настанот, додека причината за несреќата сè уште не е утврдена.
Свет
Руски напад врз Киев
Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на Украина повторно беше цел на балистички ракети и беспилотни летала, што предизвика експлозии и пожари, пишува „Киев Индепендент“.
Според неофицијални информации, целите на руските напади биле термоелектрани лоцирани во Киев и неговата околина.
Според извештаите на новинарите на терен, експлозиите одекнале низ Киев непосредно пред 4 часот наутро по локално време. Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, го потврди нападот. По ударот, избувнале неколку пожари на неколку локации на левиот брег на градот, односно во делот на Киев источно од реката Днепар.
Russia hit Kyiv again with ballistic missiles.
No heating at home, power’s off for hours, fires across the city.
Russia keeps trying to break us — still doesn’t get how resilient we became.Farmers’ market in Kyiv goes on against the backdrop of fire.
📹 Yan Dobronosov pic.twitter.com/RUyoohdMzg
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) October 25, 2025
Градоначалникот Виталиј Кличко извести дека противпожарните екипи веднаш биле испратени во областите Дарнички и Десњански, каде што се регистрирани големи пожари во нестанбени згради. Во областа Дњепар, ударот оштетил прозорци и возила. Градинка во истиот округ била исто така оштетена.
Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија лансирала девет балистички ракети „Искандер-М“ од Ростовската и Курската област, заедно со 62 дронови за напад „Шахед“.
8 людей, попередньо, постраждали через російський удар керованими авіабомбами по Індустріальному району Харкова
У результаті одного з влучань виникла пожежа на території автотранспортного підприємства: горіли 2 гаражні бокси та автомобілі на загальній площі 150 кв.м. pic.twitter.com/V3KfCFZaRj
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 24, 2025
Противвоздушната одбрана успеала да пресретне 50 дронови и четири ракети. Сепак, пет ракети и 12 дронови ги погодиле своите цели на четири различни локации.
Во последните недели, Русија ги засили нападите врз енергетската мрежа пред зимата, принудувајќи ја Украина да воведе ограничувања на електричната енергија. Градоначалникот Кличко предупреди завчера дека Киев се подготвува за најпредизвикувачката зима од почетокот на војната.
Свет
Специјалниот претставник на Кремљ: Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение
Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, изјави во Вашингтон дека Русија, САД и Украина се прилично блиску до дипломатско решение за завршување на војната.
Во интервју за Си-Ен-Ен тој рече дека планираниот самит меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажан, туку само одложен. Дмитриев ја пофали одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи ја голем потег, бидејќи, според него, Зеленски сега прифаќа дека преговорите треба да се водат врз основа на постојните линии на фронтот.
„Претходно неговиот став беше дека Русија мора целосно да се повлече. Сега верувам дека сме многу блиску до дипломатско решение,“ изјави Дмитриев.

