Свет
Еден од авионите не добил дозвола за полетување: нови детали од истрагата за судирот на два авиони во Јапонија
Јапонските власти објавија, врз основа на транскриптот од разговорот во контролната кула, дека патничкиот авион кој вчера на аеродромот во Токио се судри со турбопропекторскиот авион на крајбрежната стража добил дозвола за слетување, но помалиот авион не добил дозвола за полетување, пренесува Ројтерс.
Во сударот на два авиони на аеродромот Ханеда загинаа пет од шесте членови на екипажот на крајбрежната стража кои беа ангажирани во пресрет на силниот земјотрес на западниот брег на Јапонија, а капетанот кој успеа да излезе од урнатините бил тешко повреден.
Сите 379 луѓе во Ербасот А350 на Јапонија ерлајнс можеа да се евакуираат по пожарот кој избувна по судир со турбопропектор на крајбрежната стража Де Хавиланд Даш-8.
Властите штотуку започнаа истрага, а околностите за падот се неизвесни, вклучително и како двата авиони завршиле на иста писта.
Експертите нагласуваат дека на вакви авионски несреќи најчесто им претходи грешка или непочитување на неколку безбедносни процедури.
Сепак, транскриптите од инструкциите од контролната кула објавени од властите се чини дека покажуваат дека авионот на Japan Airlines бил пуштен да слета, додека на авионот на крајбрежната стража му било кажано да заземе позиција на место за задржување во близина на пистата.
Официјален претставник на јапонското биро за цивилна авијација им изјави на новинарите дека нема индикации во транскриптите дека авионот на крајбрежната стража имал дозволен да полета, според Ројтерс.
Во меѓувреме, полицијата во Токио истражува дали евентуалното професионално невнимание довело до смртни случаи и повреди, објавија неколку медиуми, вклучително и Кјодо и деловниот весник Никеи.
Јапонскиот Одбор за безбедност на транспортот (JTSB) ја истражува несреќата, а учествуваат агенции во Франција, каде што е направен Ербасот и Британија, каде што се направени неговите два мотори Ролс-Ројс.
Властите соопштија дека JTSB ја извлекла црната кутија од авионот на крајбрежната стража, а полицијата во Токио истражува дали причината за несреќата е можно професионално невнимание, објавија неколку медиуми, вклучително и Кјодо и деловниот весник Никеи, објави Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

