Европа
Експерт за говор на телото: Три работи на парадата во Москва причина за шпекулации за здравјето на Путин
Во написите на медиумите во светот веќе подолго време се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин е во лоша здравствена состојба. Шпекулациите за лошата здравствена состојба на рускиот претседател се зголемуваат од почетокот на руската инвазија на Украина, анализираат тие.
Според нивните процени, се претпоставува дека боледува од рак или од Паркинсонова болест, но официјална потврда за ниту едно од тврдењата нема. Сите очи беа вперени во неговиот вчерашен говор по воената парада во Москва на прославата на 77-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.
Потсетуваат дека Путин во еден момент од прославата, поради студот, се покрил со ќебе и се накашлал.
Мајк Картер, експерт за говор на телото, го гледал говорот на Путин и забележал три работи во односот на рускиот претседател, кои може да бидат знак на непријатност или болка. Картер кажал дека Путин дише многу плитко додека зборува.
„Го задржуваме здивот или дишеме на овој начин кога нешто физички или психички не е во ред“, изјавил Картер за „Мирор“.
„Неговото дишење беше многу плитко, што може да биде причина за некаква болка што ја трпи“, објаснил тој. Според Картер, лулањето на Путин напред-назад може да сигнализира анксиозност, но може да укаже и на здравствен проблем.
Тој исто така истакнал дека Путин стоел со раширени нозе во став на моќ, а таа положба, како што вели, може да го спречи да падне.
„Постојаното лулање може да биде здравствен проблем и тој е загрижен дека може да се преврти“, додал Картер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

