Свет
Експлозија во Саудиска Арабија за време на комеморација на починати немуслимани, има повредени
Четири лица се повредени во експлозија што се случи на гробишта за немуслимани во Саудиска Арабија, пренесува АП.
Експлозијата се случила за време на комеморацијата по повод крајот на Првата светска војна одржана на гробиштата во саудискиот град Еда, каде што биле присутни европски дипломати, соопшти француското Министерство за надворешни работи.
„Годишното одбележување на годишнината од крајот на Првата светска војна, одржано на немуслиманските гробишта во Еда, на кое присуствуваа членови на повеќе конзулати, вклучувајќи го и францускиот, беше цел на напад со импровизирана експлозивна направа утрово, при што беа повредени неколку лица“, се вели во соопштението на француското Министерство.
„Франција остро го осудува овој кукавички и неоправдан напад“, се вели во соопштението.
АП наведува дека идентитетот на повредените сè уште не е познат, а никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот.
Експлозијата ја потврди и грчки официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Без поддршката на Западот, војната во Украина ќе завршеше за 15 дена
Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска изјави дека војната во Украина ќе заврши за 15 дена доколку западните сојузници престанат да ја поддржуваат таа земја.
„Многу луѓе сакаат војната да заврши што е можно побргу. За почеток, самите Украинци. Но, важно е како. Ако престанеме да ја поддржуваме Украина, за петнаесет дена војната ќе заврши и рускиот претседател Владимир Путин ќе ги постигне своите цели, но дали тоа е она што го сакаме за Украинците и за безбедноста на нас Европејците?, изјави шефот на европската дипломатија во интервју за шпанскиот весник „20 минути“.
Тој повтори дека сојузниците мора да направат сè што е во нивна моќ за кога ќе дојде време за преговори со Русија, Украина да ги води „под услови поволни за суверенитетот и територијалниот интегритет“.
Свет
Шолц: Германија стои до Израел, мора да се спротивставиме на терористите на Хамас
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија стои на страната на Израел нагласувајќи дека мора да се спротивстави на терористите на Хамас.
Тој ова го рече на отворањето на меѓународната конференција за одржливост, што се одржува во Хамбург, и посочи дека официјален Берлин ги поддржува прекинот на огнот, ослободувањето на заложниците и почетокот на политичкиот процес, дури и ако тоа изгледа потешко од кога било.
„Решението со две држави може да биде единствена цел за секој политички процес“, рече Шолц.
Според него, изминатата година на војна му донесе незамисливо страдање на палестинското население во Појасот Газа.
„Хезболах и Иран мора веднаш да ги запрат нападите врз Израел“, рече Шолц и предупреди дека овие напади претставуваат уште една ескалација во инаку тензичната ситуација на Блискиот Исток.
Израел денеска ја одбележува првата годишнина од нападот на палестинската милитантна група Хамас, а израелскиот претседател Исак Херцог го почна денот со едноминутно молчење во кибуцот Реим.
Во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година загинаа најмалку 370 луѓе, а во војната што тогаш избувна и сè уште трае до крајот на септември годинава загинаа повеќе од 43.000 луѓе, од кои 41.431 Палестинци, најмногу во Појасот Газа.
Повеќе од половина од зградите во Појасот Газа се уништени, а речиси целото население на Газа е раселено – приближно 2,3 милиона луѓе.
Свет
Бербок не исклучува можност дека Украина со германско оружје ќе напаѓа воени објекти во Русија
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека не ја исклучува можноста Украина да нападне воени објекти во Русија со оружје од германски резерви во самоодбрана.
Бербок изјави за германскиот јавен радиодифузен сервис АРД дека не сака јавно да разговара за тоа колку длабоко нападите би можеле да допрат до руска територија.
Германската министерка истакна дека не треба да се дефинираат конкретни растојанија како „десет, 40 или 200 километри“ бидејќи, како што наведе, руската армија може да има корист од тоа.