Свет
ЕК со предлог за мигрантите: Земјите кои не ги сакаат, товарот поинаку ќе го сносат
Европската комисија предложи нов Пакт за миграција и азил, кој предвидува нов пофлексибилен механизам на солидарност меѓу членките и кој на оние членки кои не сакаат да примат азиланти им овозможува својот придонес да го дадат така што ќе преземат обврска за враќање на нелегалните мигранти.
Новиот механизам за солидарност треба да воведе поправеден пристап кон системот за азил, кој ќе одржува различни предизвици поради различните географски локации и ќе осигури дека секој придонесува преку солидарност, така што товарот за прифаќање на нерегулирани пристигнувања ќе го понесе не само една земја членка, туку и ЕУ како целина.
Европската Унија со години се обидуваше да ја промени својата политика за азил по големиот прилив на мигранти во 2015 и 2016 година. Претходниот предлог на Комисијата за реформа на Даблинската регулатива во мај 2016 година не помина како резултат на противењето на некои земји членки за обврзувачки квоти за распределба на бегалците.
Комисијата потоа предложи воведување автоматски механизам за дистрибуција на барателите на азил од страна на земјите членки во случаи кога бројот на бегалци во надворешните земји членки нагло се зголемува.
Предлогот се обиде да го олесни товарот со кој се соочуваат јужните членки на Европската Унија Италија и Грција, во кои бегалците влегуваат први. Предлогот наиде на жесток отпор кај некои земји членки, особено во Полска, Унгарија и Словачка.
Според новиот предлог, земјите членки кои не сакаат да примаат баратели на азил ќе можат да понесат дел од товарот преземајќи го враќањето на илегалните мигранти во земјите од каде што дошле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пекинг санкционира 20 американски компании и 10 поединци за продажба на оружје на Тајван
Кина воведе санкции против 20 американски одбранбени компании и 10 поединци поради продажбата на оружје на Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Мерките вклучуваат замрзнување на нивниот имот во Кина и забрана за кинески организации и граѓани да соработуваат со нив, како и забрана за влез во земјата за санкционираните поединци.
Меѓу погодените компании се подружница на Boeing во Сент Луис, како и Northrop Grumman Systems Corporation и L3Harris Maritime Services. Санкциите следуваат откако Соединетите Американски Држави минатата недела објавија продажба на оружје на Тајван во вредност од 11,1 милијарда долари – најголемиот ваков пакет досега.
Кина оцени дека прашањето за Тајван е „црвена линија“ во односите со САД и ги повика Вашингтон да ги прекине, како што ги нарече, „опасните напори за наоружување на островот“. Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија, додека Тајпеј тврди дека има суверенитет.
Свет
Зеленски: Договоривме средба со Трамп, многу работи може да се одлучат пред Нова година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека наскоро ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп како дел од напорите за прекин на руската инвазија.
„Договоривме средба на највисоко ниво со претседателот Трамп во блиска иднина. Многу работи може да се одлучат пред Нова Година“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Украинскиот претседател ја откри најновата верзија на американскиот план за прекин на војната меѓу Русија и Украина, за кој Вашингтон и Киев преговараат со недели. Планот предвидува замрзнување на фронтовските линии и не нуди решение за најспорното прашање за териториите окупирани од Русија, кои сочинуваат повеќе од 19% од Украина.
За разлика од оригиналната верзија на овој документ што ја составија Американците, новата верзија ги изоставува две од главните барања на Москва: повлекување на украинските сили од деловите на Донбас што се уште се под нивна контрола и законското ветување на Киев да не се приклучи на НАТО. Затоа, Москва веројатно нема да се согласи со оваа нова верзија.
Запрашан за ова, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, завчера посочи дека Москва „ја формулира својата позиција“ и одби да коментира за деталите. Вчера, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека напредокот кон завршување на војната е „бавен, но стабилен“.
фото/депозитфотос
Свет
Камбоџа го обвинува Тајланд за бомбардирање додека траат мировните преговори
Камбоџа го обвини Тајланд за интензивирање на бомбардирањето на спорните гранични области додека претставници од двете земји се состануваат за да преговараат за прекин на смртоносните судири. Долготрајниот граничен конфликт меѓу соседните држави повторно се разгоре овој месец и го прекрши претходното примирје, а според официјалните податоци, повеќе од 40 лица ги загубија животите, додека околу еден милион беа раселени, пишува „Гардијан“.
Иако камбоџанските и тајландските претставници денес беа на третиот ден од преговорите на граничниот премин, а состанок на министрите за одбрана е закажан за утре, камбоџанското Министерство за одбрана објави дека тајландската армија утрово извршила силно бомбардирање на спорните области во покраината Бантеј Минчи.
„Од 6:08 до 7:15 часот наутро, тајландската војска фрли дури 40 бомби со борбени авиони Ф-16, интензивирајќи го бомбардирањето во областа на селото Чок Чеј“, се вели во соопштението. Од друга страна, тајландските медиуми објавија дека камбоџанските сили започнале тешки напади во текот на ноќта по границата во покраината Са Каео, каде што неколку домови биле оштетени од гранатирањето.
Двете земји продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за поттикнување нови борби, кои се проширија во речиси сите покраини по должината на нивната заедничка граница. Двете страни тврдат дека дејствувале исклучиво во самоодбрана и се обвинуваат меѓусебно за напади врз цивили.
САД, Кина и Малезија посредуваа во примирје за да се стави крај на петдневните смртоносни борби во јули, но прекинот на огнот беше краткотраен. Претходно денес, камбоџанскиот премиер Хун Манет објави на Фејсбук дека разговарал по телефон со американскиот државен секретар Марко Рубио.
Темата на дискусијата беше „начини за обезбедување прекин на огнот по должината на границата меѓу Камбоџа и Тајланд“. Конфликтот произлегува од територијален спор околу демаркацијата на нивната граница од колонијалната ера, долга 800 километри, и низа урнатини од храмови лоцирани во областа.
Фото: depositphotos

