Европа
Епидемиите на мали сипаници се во пораст, предупредува СЗО

Напорите за вакцинирање на децата во светот против смртоносни болести, како сипаници и дифтерија, почнаа да се стабилизираат во 2022 година по историскиот неуспех предизвикан од пандемијата на Ковид-19, покажуваат новите податоци на Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека бројките се охрабрувачки, но постои загриженост дека најранливите земји се запоставени.
„Кога земјите и регионите заостануваат, децата ја плаќаат цената“, рече тој.
Организациите исто така предупредија дека вакцинацијата против морбили не оди толку бргу. Кејт О’Брајан, шеф за имунизација во СЗО, рече дека стапките на покриеност со сипаници, всушност, продолжиле да паѓаат минатата година во земјите со ниски приходи, на 66 % во споредба со 67 % во 2021 година. Епидемиите на сипаници веќе се во пораст, се истакнува од страна на надлежните
„Кога децата не се вакцинирани, тоа значи дека не се имуни на болести што може да доведат до смрт“, рече О’Брајан во интервју за „Ројтерс“. „Децата би можеле да умрат“, додава тој.
Само стапките на вакцинација против ХПВ, против рак на грлото на матката, се вратија на нивоата пред пандемијата. Сепак, тие остануваат под целта од 90 %, со 67 % во земјите со високи приходи и 55 % во земјите со среден и низок приход, каде што е воведена вакцината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русите објавија снимка од тенк со американски и руски знамиња како влегува во битка со Украинците

„Русија Тудеј“ објави видео на кое се гледа американски оклопен транспортер M113 во рацете на руската војска.
Според РТ, тенковските екипажи на 70-от моторизиран полк му доставиле на нивниот воен дописник Влади Андрица видео на кое се гледа возило со високо развеани руски и американски знамиња, кое брза кон бојното поле во близина на селото Мала Токмачка.
Според истите извори, станува збор за оклопен транспортер кој бил запленет од украинската армија, потоа поправен и вратен во употреба. РТ тврди дека сега се користи во борбени мисии од страна на руската армија.
Објавувањето на оваа снимка доаѓа веднаш по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска. Главна тема на разговор беше војната во Украина, но не беше постигнат договор за прекин на огнот.
По средбата, Трамп изјави дека средбата била „продуктивна“ и дека очекува преговори меѓу Русија и Украина. Путин изгледаше доста задоволен од средбата со Трамп и зборуваше за постигнатото „разбирање“ и најави можност следната средба да се одржи во Русија.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

Најмалку девет лица, меѓу кои и три деца, се убиени во последните 24 часа во зголемените руски напади низ Украина, потврдија украинските власти, објави Си-ен-ен.
Во Харков, вториот по големина град во Украина, пет лица беа убиени, а најмалку 20 други беа повредени откако беше погодена станбена зграда. Нападот предизвика пожар и зградата се урна, изјави Олех Синиехубов, началник на регионалната воена администрација.
Синиехубов објави на Телеграм дека меѓу жртвите се девојче од година ипол и 16-годишно момче. Пет лица сè уште се бараат.
Реагирајќи на нападот во Харков, украинската премиерка Јулија Свириденко рече: „Русите само продолжуваат да вршат масовни убиства“.
„Оваа војна никогаш не беше предизвикана; таа продолжува само затоа што на Москва ѝ е дозволено да продолжи“, рече таа на социјалната мрежа Икс.
Петнаесетгодишно момче беше убиено кога бомба ја погоди куќата на неговото семејство во селото Новојаковливка во Запорожје, потврди Иван Федоров, началник на регионалната воена администрација. Братот, сестрата и родителите на момчето беа исто така ранети во нападот. Три лица загинаа и во Донецк, соопшти Вадим Филашкин, началник на регионалната воена администрација таму.
Пожарникарите во Одеса се бореа со голем пожар во енергетска централа по „масивен“ напад со беспилотни летала, соопшти Државната служба за вонредни ситуации.
Додека американскиот претседател Доналд Трамп се фокусира на постигнување мировен договор, а не на прекин на огнот, украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира дека преговорите не се можни додека Русија продолжува да ја бомбардира неговата земја.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во понеделник ја повика Москва да „го запре убивањето со цел да се унапреди дипломатијата“.
Европа
(Видео) 11 повредени во руски напад врз Украина: „Тие сè уште намерно ги таргетираат цивилите“

Руските сили погодија станбена област во Харков со балистичка ракета, при што беа повредени најмалку 11 лица, соопштија украинските власти доцна синоќа.
Едно 13-годишно девојче е меѓу повредените во Харков, вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер Олех Синехубов преку апликацијата за пораки Телеграм.
Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина во близина на границата со Русија, е редовна цел на руски напади со беспилотни летала и ракети од почетокот на војната што Москва ја започна во февруари 2022 година.
🇷🇺🇺🇦
🔻Ataque ruso contra Kharkiv🔻Russian attack against Kharkiv pic.twitter.com/kkcQw67PQY
— Ares, Information Service (@Aresinfoservice) August 18, 2025
„Ударниот бран ги скрши прозорците во блиските станбени згради“, објави државната служба за вонредни состојби на Украина на Телеграм, додавајќи дека некои жители морале да бидат евакуирани.
Одделно, регионалните власти соопштија дека 57-годишна жена е повредена во руски воздушен напад врз североисточниот регион Суми, во кој исто така се оштетени најмалку десетина станбени згради и една образовна институција.
„Непријателот продолжува намерно да ја таргетира цивилната инфраструктура во регионот Суми, подмолно, ноќе“, рече гувернерот Олех Хрихоров на Телеграм. Ројтерс не беше во можност независно да потврди какво оружје користела Русија во нападите. Двете страни негираат дека таргетирале цивили во нивните напади, но илјадници луѓе се убиени, од кои огромното мнозинство се Украинци, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин