Свет
Ердоган му го честита роденденот на претседателот Вучиќ

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, прими роденденска честитка од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во која изрази уверување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да придонесува за стабилноста на регионот.
„Почитуван претседателе, драг пријателе, ви го честитам роденденот и посакувам на вашата екселенција уште многу години исполнети со здравје и среќа заедно со вашето семејство“, рече Ердоган, се вели во соопштението од Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Републиката.
Во оваа прилика, тој додаде: „Сакам уште еднаш да го изразам моето задоволство од исклучителното ниво на нашите билатерални односи со Србија и верувам дека нашата соработка ќе продолжи да придонесува за стабилноста на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Конечно, по ѓаволите, време е Европа да каже дека е подготвена финансиски да ја поддржи Украина, рече претседателката на Европскиот парламент

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола рече дека е време Европската Унија да покаже дека може да застане на свои нозе и да ја поддржи Украина.
„Конечно, по ѓаволите, време е европските лидери да испратат јасна порака дека се подготвени конечно да останат на своите зборови и финансиски да ја поддржат Украина. Ова долго време го бараме: Европската унија, Европа да покаже дека може да застане на свои нозе. Затоа постојано велиме – мораме да се засилиме. Мораме да бидеме подготвени. Мора да произведуваме и мора да се заштитиме. Тоа го очекуваат нашите граѓани од нас“, рече таа.
Во Брисел во моментов се одржува состанок на Европската Унија со Украина, откако САД ја прекинаа воената поддршка за Киев, на што ЕУ бурно реагира.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно денес објави дека Европа се соочува со директна и сериозна закана, нагласувајќи ја важноста од зголемување на трошоците за одбрана на континентот.
„Мораме да бидеме способни да се браниме и да ја обезбедиме позицијата на сила на Украина“, рече таа.
Свет
Зеленски стигна на самитот во Брисел: „Не сме сами и тоа го чувствуваме, ви благодарам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на самитот за Украина и европската одбрана во Брисел. По пристигнувањето, тој им се заблагодари на лидерите на Европската Унија за силната поддршка што ѝ ја дадоа на неговата земја.
„Во текот на целиот овој период, вклучително и минатата недела, бевте со нас“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот во Брисел.
„Ние не сме сами, и тоа не се само зборови, ние тоа го чувствуваме“, додаде тој.
Претседателот напомена и дека европските лидери испратиле силна порака до украинскиот народ, кој тоа го цени.
Свет
Норвешкиот премиер: Треба значително да ја зголемиме помошта за Украина

Норвешка треба значително да ја зголеми финансиската помош за Украина, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере во норвешкиот парламент.
Норвешкиот парламент минатата година одобри трошење од 35 милијарди норвешки круни, или 3,22 милијарди долари, за воена и цивилна помош за Украина во 2025 година.
„Би сакал да им предложам на другите партии во парламентот да се сретнеме попладнево за да разговараме и договориме за значително зголемување на финансирањето на програмата ‘Нансен’ за Украина оваа година“, рече Стоере.
Тој додаде дека владата исто така планира да ги зголеми средствата за норвешката војска.
Програмата „Нансен“ е норвешка билатерална програма за помош за Украина, именувана по лауреатот на Нобеловата награда за мир, Фридтјоф Нансен.