Свет
Ердоган ја обвини опозицијата за поттикнување расизам по антисириските немири
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/677z381_677z381_677z381_erdogan-gaza.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини опозициските партии за поттикнување ксенофобија и расизам, еден ден откако жителите на населба во централна Турција запалија продавници во сопственост на Сиријци.
Во телевизиско обраќање, Ердоган ги обвини опозициските партии, кои се залагаа за репатријација на бегалците, дека поттикнуваат насилство.
„Ништо не може да се постигне со поттикнување ксенофобија и омраза кон бегалците“, рече Ердоган, пренесе АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Сојузниците на НАТО се договорија следната година да финансираат помош за Украина во износ од 40 милијарди евра
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/677z381_1-nato-logo.jpg)
Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина во износ од 40 милијарди евра следната година, изјавија денеска за Ројтерс двајца западноевропски дипломати.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од сојузниците да се обврзат да му пружат воена помош на Киев неколку години.
Беше одлучено и сојузниците од НАТО да направат два извештаи во текот на следната година за да одредат која земја што ќе и испорачува на Украина и сè да биде транспарентно, рече дипломатот.
Свет
Њујорк Тајмс: Бајден му призна на сојузникот дека е загрижен за неговата кандидатура
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/bajden1.jpg)
Весникот Њујорк Тајмс денеска објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден, по учеството на минатонеделната дебата со неговиот противкандидат Доналд Трамп, му рекол на еден од своите сојузници дека е свесен дека можеби нема да може да ја спаси својата кандидатура доколку не успее да ја убеди јавноста во следните неколку дена дека е способен да ја врши претседателската функција.
Извештајот на Њујорк Тајмс го опиша сојузникот на Бајден како „клучен“, но не го именуваше лицето, објави Ројтерс, истакнувајќи дека наслов во њујоршкиот дневен весник сугерира дека Бајден му рекол на својот сојузник дека размислува дали да ја продолжи претседателската кампања.
По објавувањето на извештајот, портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс се огласи на социјалните мрежи за да ја негира точноста на овие тврдења, велејќи дека „тврдењето е апсолутно лажно“.
Регион
(Видео) Катаклизма во Црна Гора: Двајца загинати, невремето урна мостови од 400 тони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/nevreme-region.jpg)
Невреме кое пред два дена ја погоди Србија, го зафати целиот балкански регион, а после Хрватска се пресели во Црна Гора, каде остави немерливи последици во однос на остатокот од регионот.
View this post on Instagram
Најсилен интензитет е почувствуван на крајбрежјето, односно пристаништата Бар, Будва, Котор и Улцињ, каде како последица на бурните ветрови пропратени со обилни врнежи и грмежи, евидентирана е голема материјална штета, како и два загинати животи.
View this post on Instagram
Турски државјанин загина во Чањ, а Д.П.(60) од Тиват загина на градилиштето на теренот за голф во Луштица при силно невреме.
Бурниот ветер, пропратен со врнежи и грмежи, ги урна сите три претоварни моста тешки повеќе од 400 тони, како и три дигалки во пристаништето Бар, откорна дрвја во повеќе општини во централниот и јужниот регион, урна покриви на куќи и згради а беше прекинато снабдување со електрична енергија во делови од земјата.
Улиците на крајбрежјето беа под вода, а најкритично беше во Будва. Оштетени се неколку возила и чамци.