Свет
Ердоган ја обвинува опозицијата дека со протести ја уништува турската економија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини опозицијата за уништување на економијата среде најголемите протести во земјата во повеќе од 10 години поради апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Партијата на градоначалникот Имамоглу, кој беше најгласниот противник на Ердоган во последните 22 години, повика на бојкот на компаниите што тврдат дека ја поддржуваат владата на Ердоган.
Турскиот претседател ја обвини опозицијата дека е „толку очајна, што ќе ги фрлат земјата и нацијата во оган“.
Имамоглу беше уапсен пред една недела и е обвинет за корупција и поддршка на тероризам. Нему му е одреден притвор во неделата, а датумот на судење не е објавен. Многумина веруваат дека случајот против Имамоглу е политички мотивиран. Владата наведува дека судството е ослободено од политичко влијание.
Доказите против Имамоглу не се официјално објавени. Многу турски медиуми објавија дека обвинувањата главно се засновани на тајни сведоци. Вакви сведоштва се користеа и претходно во постапки против опозициски политичари.
Ова доведе до масовни, главно мирни демонстрации во Истанбул, Анкара, Измир и во други градови. Претежно млади и студенти излегуваат на улица. Тие бараат итно ослободување на Имамоглу и враќање на демократијата.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека 1.418 лица биле приведени во текот на изминатата недела во врска со демонстрациите.
Во Турција нема да има нови избори до 2028 година, но можно е Ердоган да повика на предвремени избори за да побара уште еден мандат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

