Европа
ЕУ воведе нови мерки, граничната полиција ќе има повеќе информации за вас
Советот на ЕУ усвои две регулативи во областа на правдата и внатрешните работи, кои треба да овозможaт поефективни проверки на границите и подобрување на безбедноста.
Интероперабилноста на информатичките системи ќе им овозможи на системите меѓународно да се надополнуваат едни со други, да се олесни точната идентификација на луѓето, да придонесат во борбата против измами поврзани со идентитетот, да овозможи поефикасни контроли на надворешните граници и да помогне во спречување на илегалната миграција и нејзно сузбивање, при што основните права да бидат заштитени, соопшти Советот на ЕУ. Тоа значи дека граничната полиција ќе знае повеќе информации за нас.
Со системи опфатени со овие две регулативи на националните власти им се дава поддршка во областа на безбедноста, управувањето со границите и миграцијата, како и во процесот на аплицирање за виза и азил. Со новите регулативи не се менуваат правата за пристап утврдени со релевантната законска основа за некои европски информациски системи, но ја олеснува и подобрува размената на информации.
„Со интероперабилноста, која денес легално заживеа, набргу ќе бидат отстранети слепите точки кои постојат во нашиот информациски системи. Оние што работат на границите на сочување на безбедноста на граѓаните на ЕУ, полициските службеници и граничната полиција, ќе имаат пристап до информации кога им требаат и каде им требаат. А криминалците повеќе нема да може да се провлечат низ мрежата “, изјави комесарот за безбедност, Џулијан Кинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц и Макрон се среќаваат по враќањето на Трамп во Белата куќа
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска планира да отпатува во Париз за да се сретне со претседателот Емануел Макрон, два дена по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Францускиот претседател околу пладне се очекува да го прими германскиот канцелар во Елисејската палата.
Покрај идното позиционирање на ЕУ во однос на САД, разговорите најверојатно ќе се фокусираат на војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.
Европа
Пронајдено новороденче киднапирано од болница во Италија, уапсени маж и жена
Бебе старо еден ден кое вчера попладне беше киднапирано од клиника во Козенца, Италија, е пронајдено, јавуваат италијанските медиуми.
Полицијата го запрела автомобилот во кој биле киднаперите и бебето и уапсила маж и жена. Новороденчето е во добра состојба.
Во Козенца, град во јужна Италија, лажна медицинска сестра киднапираше новороденче вчера попладнето.
Како што пренесува италијанскиот Ilmessaggero, жена со дел од лицето покриен со маска влегла во клиниката Сакро Куоре, во строгиот центар на градот и ја киднапирала Софија Кавото, бебе старо еден ден.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот. Според првичните информации, жената се претставила како медицинска сестра, пришла на мајката и и кажала дека треба да го однесе бебето кај педијатарот.
После тоа ја напуштила клиниката. Кога девојчето не се вратило, нејзината мајка се загрижила и ја алармирала полицијата.
„Од Сакро Куоре е украдено новороденче. Жената што ја однела е ниска и има плетенки. Рекла дека треба да ја измие, а кога не се вратила мајката се загрижила. Ги прегледале надзорните камери и виделе дека надвор од клиниката ја чека маж со темна кожа со детско седиште во автомобилот. Го ставиле детето во кола и си заминале. Засега ова е единствената достапна информација“, стоеше во апелот на социјалните мрежи.
Европа
(Видео) Зеленски ги критикуваше европските лидери: „Дали Трамп воопшто ќе ве забележи?“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди европските лидери дека Доналд Трамп ќе ги игнорира доколку континентот не се грижи повеќе за сопствената одбрана. Зеленски инсистираше на тоа дека Европа мора да стане понезависна од Вашингтон бидејќи не постои гаранција дека неговиот американски колега е посветен на НАТО алијансата.
„Дали претседателот Трамп воопшто ќе ја забележи Европа? Дали го гледа НАТО како неопходност? И дали ќе ги почитува институциите на ЕУ“, праша Зеленски во говорот на Светскиот економски форум во Давос.
Зеленски го опиша својот остар говор како повик за будење до европските лидери, вклучително и оние во Британија и Франција. Зеленски тврди дека Европа мора да стори повеќе за да докаже дека може да застане на свои нозе и да биде „силен глобален“ играч и „незаменлив“ на светската сцена.
„Поголемиот дел од светот сега размислува: Што ќе се случи со нашиот однос со Америка, што ќе се случи со сојузите, трговијата? Како претседателот Трамп сака да ја заврши војната?… Но, никој не ги поставува овие прашања за Европа“, рече тој.
Zelensky at the Davos Economic Forum:
"The US doesn't care whether the EU will continue to be their ally. Washington doesn't believe that Europe can bring the US anything truly significant," Zelensky said
That is, the entire West will be represented by the US and they will… pic.twitter.com/2HGvVUb0gJ
— Victor vickop55 commentary (@vick55top) January 21, 2025
„Кога ние во Европа гледаме на САД како наш сојузник, јасно е дека тие се незаменлив сојузник. Во време на војна, сите се прашуваат дали САД ќе застанат покрај нив… Но, дали Американците се прашуваат дали Европа еден ден ќе се откаже од нив или ќе престанат да бидат нивни сојузник? Одговорот е не“, додаде тој.
„Европа не може да си дозволи да биде втора или трета по ред пред своите сојузници. Ако тоа се случи, светот ќе почне да се движи без Европа, а тоа би бил свет што не би бил пријатен или корисен за сите Европејци“, рече тој на собирот во Давос.