Европа
ЕУ: Мора да произведуваме повеќе антибиотици, се соочуваме со недостиг
Европската Унија мора да го зголеми производството на клучни антибиотици пред зимата и да ги троши попромислено за да го спречи недостигот, предупреди Европската комисија.
Доколку побарувачката оваа зима е слична на просечната во претходните години, податоците упатуваат на заклучок дека набавката на клучните антибиотици за респираторни инфекции ќе ја покрие потрошувачката, соопштуваат од Комисијата.
Заклучокот се заснова на податоци за снабдување и потрошувачка на „амоксицилин“, „амоксицилин/клавуланска киселина“, „пеницилин V“, „азитромицин“, „кларитромицин“, „цефтриаксон“, „цефотаксим“ и „пиперацилин-тазобактам“. Европската агенција за лекови (ЕМА) и Агенцијата за подготвеност и одговор при здравствена криза (ХЕРА) ќе продолжат да соработуваат со надлежните органи во исто време за зајакнување на мерките што би ја зголемиле понудата на група интравенски антибиотици, се додава во извештајот.
„Од клучно значење е да преземеме итни мерки за да се подготвиме за зимата и да спречиме потенцијален недостиг на антибиотски лекови“, рече еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес. Навремените подготовки пред почетокот на есента ќе им обезбедат на фармацевтските компании доволно време да го зголемат капацитетот и да одговорат на побарувачката, посочуваат од Комисијата.
Приоритет се антибиотиците што се користат за лекување респираторни инфекции, се вели во соопштението. Покрај поголемото производство и повнимателната потрошувачка, Комисијата им предлага и на своите членови во соработка со компаниите да ги следат побарувачката и набавката на клучните антибиотици. Се развива и листа на клучни лекови, чија прва верзија треба да биде објавена до крајот на годината.
Европската агенција за лекови ќе ја следи, врз основа на проширени овластувања, достапноста на лекови во наредните месеци со цел навремено да се открие недостигот што може да прерасне во криза за снабдување, а ЕК ќе може да организира заеднички набавки за сите 27 членки доколку е потребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Словачкиот министер: „Словачка на работ на граѓанска војна“
Словачкиот министер за полиција, Матуш Шутај Ешток, изјави дека Словачка е на работ на граѓанска војна, пишува „Њуз.аз“.
„Од она што се случи, каква омраза посеаја многумина, денес се појави бура и практично сме на прагот на граѓанска војна. Веднаш престанете со ова“, рече тој.
Slovakia 'on brink of civil war' – Interior Minister
Matus Sutaj Estok insisted the assassination attempt on PM Robert Fico was carried out for political reasons
While Prime Minister Robert Fico is expecting a new surgical operation.
— Vexwift (@vexwift) May 16, 2024
Според последните информации, лекарите ја стабилизирале состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо за време на петчасовната операција.
Европа
Атентаторот што го застрела Фицо се соочува со доживотен затвор: полицијата му го пребарала автомобилот
Јурај Цинтула (71), кој вчера трипати го застрела словачкиот премиер Роберт Фицо, е обвинет за обид за убиство со умисла поради одмазда против заштитено лице, објавија словачките медиуми.
Според порталот „ТВ новине“, на Цинтула му се заканува казна од 25 години затвор до доживотен затвор. Истражител од Националната агенција за криминал го обвинил за убиство со умисла, а тој ја поминал ноќта во ќелија.
⚠️Robert Fico shooter says he 'disagreed with government policies' — local media
📢 He did not do this alone. He was sent to do this by the globalists pic.twitter.com/u79vPVStcP
— The Dibster (@richarddibX) May 15, 2024
Цинтула, кој инаку е во пензија, испукал пет куршуми кон премиерот Роберто Фико, од кои три го погодиле.
Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот, а бил претресен и неговиот автомобил, во кој бил пронајден телефон.
Се сомнева дека мотивот за убиството е несогласување со политиката на актуелната власт и измените што се направени или најавувани.
Доколку вината се докаже, за ова дело му се заканува казна затвор од 25 години до доживотен затвор.
Како што пренесува „ТВ Маркиза“, напаѓачот во полиција изјавил дека нападот го планирал неколку дена порано. Планирал да го повреди премиерот, но рекол дека не сака да го убие. Тој легално поседувал оружје повеќе од 30 години.
Фицо со хеликоптер бил префрлен во болница, каде што бил опериран повеќе од пет часа.
Европа
Деветмесечно момче од Велика Британија се задави од шпагети во градинка: мајката ја предупредила воспитувачката дека не може да јаде цврста храна
Мајката на деветмесечното момче од Велика Британија, кое почина кога се задави од храна во градинка, се обидела да го предупреди персоналот дека не може да јаде цврста храна.
Малиот Оливер Стипер почина во болница шест дена откога се задави од храна во градинка во Кент. Според британските медиуми, работничката во градинката истовремено хранела четири деца со болоњезе-тестенини кога малиот Оливер се задавил.
Оливер имал само два предни заба поради што дома јадел пасирана храна, пренесува „Скај њуз“.
Работниците во градинката ги уверувале неговите родители дека цврстата храна може да се испасира пред да му биде дадена и тие претпоставиле дека тоа ќе биде направено затоа што тој „не можел правилно да џвака“, беше кажано на судот.
Мајката пред судот рекла дека има намера да ги потсети вработените во градинката дека цврстата храна не му одговара, пренесува „Скај њуз“.
Размислувала веднаш да испрати имејл во градинката, но не сакала да биде напорна.
„Во градинка му дадоа овошна салата, јасно беше дека не е пасирана. Реков дека ќе разговарам со вработените следната недела“, изјави мајката во судот.
Подоцна едно утро, таа добила повик од дневниот престој и ѝ кажале дека син ѝ учествувал во инцидент и дека се задавил од храна.
Кога пристигнала во градинката, видела болничар како трча со син ѝ во рацете додека вршел компресија на градите.
Оливер бил пренесен во болница, но скенирањето на мозокот покажало дека нема да преживее, а момчето починало шест дена подоцна.
Полицијата во Кент истражувала што се случило, но не било преземено ништо.
Родителите решиле да го праќаат Оливер во градинка само неколку дена во неделата бидејќи таа била на 20 минути од нивната куќа и изгледала како семејна градинка.
Судењето продолжува.