Европа
ЕУ постигна договор со компаниите „Фајзер/Бионтек“ за набавка на 200 милиони вакцини

По проблемите со фармацевтската компанија „Астра зенека“, од Брисел е објавено дека склучиле договор со компанијата „Фајзер/Бионтек“ за набавка на вакцини против Ковид-19.
Компанијата денеска објави дека е постигнат договор со ЕУ за снабдување на блокот со дополнителни 200 милиони дози вакцини. Според соопштението пренесено од светските медиуми, вакцините треба да бидат доставени во текот на 2021 година, со тоа што 75 милиони ќе пристигнат во вториот квартал од оваа година.
BREAKING: Pfizer and BioNTech reach deal to send the European Union another 200 million COVID-19 vaccine doses. https://t.co/oYZUrTjQ4I
— The Associated Press (@AP) February 17, 2021
ЕУ претходно купи 300 милиони дози вакцини произведени од другите две фармацевтски компании. Најголемиот проблем се појави со вакцините на „Астра зенека“ поради што се крена многу прашина и префрлување на вината од една на друга страна.
Кога се случи ЕУ да дојде пред колапс во врска со вакцинацијата на населението, бидејќи вакцината едноставно не постоеше затоа што не беше доставена според договорената количина, пристигна понудата на рускиот производител на вакцината „спутник В“, кој ѝ понуди на ЕУ сто милиони дози од таа вакцина.
Понудата беше одбиена, а Европската комисија соопшти дека руската вакцина не припаѓа на нивната стратегија за борба против коронавирусот. Сепак, на земјите членки им останува малку простор да набават вакцини според нивните потреби од оние производители што не се одобрени од ЕК.
Така, Унгарија, како што рече премиерот Виктор Орбан, набави руски и кинески вакцини, а Хрватска полека се свртува кон Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин