Свет
ЕУ се обидува да ги убеди САД да го исклучат SWIFT од санкциите кон Иран
Санкциите на Вашингтон против Техеран во основа ќе ја сменат економската соработка на другите земји со Исламската Република, пишува „Фајненшл тајмс“. Министрите за финансии на ЕУ ќе се обидат да ја убедат американската администрација да не го исклучи Иран од меѓународниот платен систем SWIFT, објави весникот во вторникот.
SWIFT е глобална услуга за финансиски пораки што поврзува повеќе од 11.000 банки во повеќе од 200 земји во светот.
„Нашето прашање е: зошто да се искорнат сите електрични кабли од една зграда ако може да исклучи светлката? Ако може да назначите банка (за санкции), тогаш нема потреба да го принудуваат SWIFT да се исклучи од Иран“, рече еден европски дипломат, кој ги потврди планираните средби.
Според весникот, ова е прашањето што министрите за финансии на ЕУ ќе го изнесат на средбата со својот американски колега Стивен Мнучин на годишниот собир на ММФ и Светската банка во Индонезија, кој ќе трае до 14 октомври.
Претходно, американскиот државен секретар, Мајкл Помпео, рече дека претстојните американски санкции против Техеран во основа ќе ја сменат економската соработка на другите земји со Иран. Меѓутоа, не успеа да разјасни дали Вашингтон ќе го казни менаџментот на платниот систем SWIFT ако продолжи со работа со иранските банки.
„Не ја знам одлуката во однос на SWIFT. Сè уште има голем број одлуки што чекаат пред крајниот рок од 1 ноември“, изјави Помпео на брифингот за новинарите на 17 септември.
Франција, Германија и Обединетото Кралство, кои се потписнички на нуклеарниот договор со Иран во 2015 година, од кој САД се повлекоа од мај, се фрустрирани што не успеале да ја убедат администрацијата на Трамп да заземе помек став кон белгискиот SWIFT, пишува весникот. Преостанатите потписнички на договорот – Русија, Велика Британија, Германија, Франција и Кина – остануваат посветени на договорот. ЕУ го активира таканаречениот статут за блокирање, кој ги прогласува санкциите на САД за неважечки на територијата на ЕУ и им забранува на европските компании да ги почитуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.