Свет
ЕУ силно го отфрла преземањето на власта со сила во Габон, изјави Борел
ЕУ го отфрла преземањето на власта со сила во Габон и повика на воздржаност од сите страни, изјави шефот за надворешна политика, Жозеп Борел.
Воената хунта вчера соопшти дека ја презела власта и го ставила претседателот Али Бонго во домашен притвор и ги откажала изборните резултати со кои Бонго требаше да добие трет мандат.
„Предизвиците со кои се соочува Габон мора да се решат во согласност со принципите на владеењето на правото, уставниот поредок и демократијата. Мирот и просперитетот на земјата, како и регионалната стабилност, зависат од тоа“, рече Борел.
Тој додаде дека ЕУ ја споделува сериозната загриженост за начинот на кој беа организирани и спроведени претседателските избори што му претходеа на пучот.
„Има воени и институционални удари, каде што не треба да се фаќате за оружје, но ако наместам избори за да ја преземам власта, тоа е исто така нерегуларен начин да го направам тоа“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Босна и Херцеговина, се почувствува и низ цела Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина утрово околу 9:15 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар северозападно од Мостар или 11 километар југозападно од Јабланица, јавува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
– Наеднаш посилно се тресеше, кратко траеше – пишува човек од Широки Бријег на апликацијата EMSC. Коментари имаше и од југот на Хрватска. Тие наведуваат дека земјотресот бил силно почувствуван на Имотски, Макарска и други места.
– Се почувствува силна бучава и потреси – наведуваат граѓаните на Босна и Херцеговина.
Европа
Германците објавија план во случај на војна со Русија
Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и воени сценарија кои директно би влијаеле на земјата. Според весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Бундесверот развил стратешки документ наречен „Операционен план Германија“, во кој се детализирани улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на вооружен конфликт.
Еден од клучните елементи на овој план е соработката со приватниот сектор за обезбедување снабдување и одржување на функционалноста на клучните сектори во случај на криза. Неодамна во Хамбург се одржа средба со претставници на логистички компании, на која воените власти презентираа насоки за подготовка во кризни ситуации. Беше истакнато дека логистиката ќе има клучна улога во овозможување мобилизација на силите и зачувување на стабилноста во земјата. Според ФАЗ, Бундесверот составил листа на приоритетни објекти и инфраструктура кои треба да бидат заштитени во случај на војна, вклучувајќи транспортни центри, магацини и енергетски системи.
Според сценариото кое предвидува одговор на НАТО на потенцијален конфликт со Русија, планирана е мобилизација на дури 800.000 војници и 200.000 возила преку германска територија. Јасно е дека за таква операција е потребно исклучително прецизно планирање и координација со цивилниот сектор, пишува ФАЗ.
Овие мерки доаѓаат во контекст на растечките геополитички тензии, особено по руската инвазија на Украина.
Освен Германија, други европски земји ги засилуваат подготовките за непредвидливи сценарија. Нордиските земји, како што се Шведска, Финска и Норвешка, исто така ги советуваат своите граѓани како да се подготват за потенцијални кризни ситуации, вклучително и обезбедување основни залихи со храна и вода.
Германското Министерство за одбрана редовно ги ажурира своите планови, приспособувајќи ги на промените во безбедносната средина.
Свет
Орбан рече дека ќе го покани Нетанјаху да ја посети Унгарија: Налогот за неговото апсење е погрешен
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за Нетанјаху „воопшто нема да биде разгледан“.
Во четвртокот, МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху, поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант и водачот на Хамас Ибрахим Ал-Масри за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.
Орбан, чија земја претседава со ЕУ до крајот на годината, изјави за државното радио дека налогот за апсење на МКС е погрешен.