Европа
Жена во Еквадор била прогласена за мртва, оживеала додека ја подготвувале за погребот

Болница во Еквадор ја прогласила за мртва 74-годишната Бела Монтоја откога била примена поради последици од срцев удар.
Неколку часа подоцна, семејството го отворило ковчегот и сфатило дека жената сè уште дише.
„Тоа што се случи го обработуваме малку по малку. Сега сакаме само да се подобри здравјето на мајка ми. Ја сакам жива и со мене“, рекол син ѝ Жилберт Балберан.
Жената сè уште е на одделението за интензивна нега и е под лекарски надзор, јавува „Ел универзо“.
„Мајка ми е на кислород. Нејзиното срце е стабилно. Докторот ѝ ја штипна раката и таа реагира. Ми велат дека тоа е добро бидејќи тоа значи дека таа реагира малку по малку“, рече Жилберт.
Лекарот Мартин Иказа во петокот напладне му го предаде телото на семејството бидејќи, како што тогаш тврдеа од болницата, таа починала.
„Ни дадоа дури и потврда за смртта“, изјави Жилберт, кој мораше да собира донации за да го организира погребот.
Бела останала во ковчегот од 14 до 18.30 часот кога семејството го отворило ковчегот за да го подготви телото за бдеење. Тогаш нејзиниот син и остатокот од семејството сфатиле дека жената сè уште дише.
„Мама почна да ја движи левата рака, да ги отвора очите, устата. Се бореше да дише“, рекол Жилберт Балберан.
Локалните медиуми пишуваат дека настанот ја шокирал заедницата и дека случајот треба да се истражи и санкционира бидејќи старицата можела жива да биде закопана.
Сè уште нема официјално објаснување, а за случајот не се огласија ниту од болницата ниту од Министерството за здравство, пренесува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Европа е посилна од Русија, не знам зошто глумиме дека сме слаби

Унгарскиот премиер Виктор Орбан порача дека Унгарија би соборила руски беспилотни летала доколку влезат во нејзиниот воздушен простор.
Еден новинар го праша дали Унгарија ќе го брани својот воздушен простор доколку руски беспилотни летала го нарушат, намерно или случајно. „Колку што знам, да. Не се плашиме од тоа. Секако дека ќе ги собориме“, одговори унгарскиот премиер.
Орбан го критикуваше „ставот на Западноевропејците“. „Ние (Европа) сме посилни во секоја димензија. Никогаш не сум разбрал зошто, ако сме посилни, зборуваме како да сме слаби. Русија е слаба во споредба со нас, воено слаба, економски слаба и бројно слаба“, рече Орбан во провладино политичко ток-шоу.
Тензиите меѓу НАТО и Москва се зголемија во последните недели. На 10 септември, Полска собори неколку руски беспилотни летала над својата територија. Руски беспилотни летала и ракети ги преминаа границите на европските членки на НАТО неколку пати од почетокот на целосната инвазија на Украина, но овој инцидент го означи првиот пат кога сојузничките сили соборија руски беспилотни летала.
фото: принтскрин
Европа
„Шпионирала за Киев, планирала да труе војници“: Русите уапсија готвачка на Крим

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила 45-годишна Русинка, главен готвач во ресторан во Севастопол, на Крим, под сомнение за шпионажа за Украина и план за труење руски војници, објави „Киев пост“.
Неименуваната жена, која е во притвор, е обвинета дека работела за Главната дирекција за разузнавање на Украина (ХУР) во последните две години. ФСБ тврди дека таа ги понудила своите услуги на украинската разузнавачка служба уште во септември 2023 година.
Таа наводно користела „Воцап“ за да споделува информации со своите врски за локациите и за рутите на рускиот воен персонал и опрема во Севастопол, поранешното главно пристаниште на руската Црноморска флота. ФСБ конкретно тврди дека таа фотографирала бродови на Црноморската флота стационирани во Севастополскиот Залив, кои подоцна биле користени од украинските вооружени сили за планирање ракетни напади.
Таа е обвинета и за план за труење припадници на руските специјални сили, кои го посетувале ресторанот во кој работела.
Кримскиот одред на ФСБ соопшти дека жената е обвинета за велепредавство според член 275 од Рускиот кривичен законик додавајќи дека истрагата за нејзините криминални активности е во тек. Во соопштението за медиумите на ФСБ се наведува дека ова е уште еден пример за тоа како „украинските специјални служби ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација и предизвикуваат економска штета на државата со активно регрутирање сторители на саботажи и терористички напади“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина со дронови уништи руски системи вредни милиони

Украинските сили уништија два моќни руски повеќекратни ракетни системи TOS-1A Solntsepyok во регионот Харков, а нападот е извршен од прецизни FPV-дронови, извести 429. посебен полк за дронови, „Ахил“, објави „Киев пост“.
Полкот исто така објави видео на „Јутјуб“ во понеделникот, на кое се прикажани напади со дронови од прво лице (FPV) врз лансери во секторот Купјанск.
Видеото прикажува два одделни напада – еден врз стационарен Солнтсепјок, а другиот врз подвижен систем од ист тип, веројатно додека руските сили се обидувале да избегаат.
Цената на системот, во зависност од конфигурацијата, се проценува помеѓу 6,5 и 15 милиони долари.
„Киев пост“ не беше во можност независно да ја потврди автентичноста на снимката.