Свет
Жена од Саудиска Арабија е осудена на 34 години затвор поради користење Твитер
Салма ал Шебаб (34) е осудена на 34 години затвор бидејќи користела Твитер за да ги следи неистомислениците и активистите, одлучи судот во Саудиска Арабија.
Ал Шебаб, мајка на две мали деца која студирала на британскиот универзитет во Лидс, била уапсена и осудена по враќањето од Велика Британија. Таа пристигна во својата земја на одмор, пренесува „Гардијан“.
Таа првично беше осудена на три години затвор за користење Твитер за „поттикнување јавни немири и дестабилизирање на граѓанската и националната безбедност“. Откако јавниот обвинител побара од судот да разгледа и други наводни кривични дела, судот во петокот изрече нова казна од 34 години затвор по што следуваше 34-годишна забрана за напуштање на државата.
Во обвинението се наведува дека Шебаб им помагал на оние кои сакале да предизвикаат јавни немири и да ја дестабилизираат националната безбедност.
Инаку, како што пишува угледен британски весник, овој случај претставува најнов пример за кампања против сите корисници на Твитер што ја започна Мохамед бин Салман, саудискиот престолонаследник, кој поседува повеќе од пет отсто од акциите на популарната социјална платформа преку Саудискиот фонд за јавни инвестиции.
Saudi woman given 34-year prison sentence for using Twitter https://t.co/65uYxLd6EF
— The Guardian (@guardian) August 16, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.