Свет
Жена од Флорида сексуално го малтретирала болниот брат на сопругот и родила дете
Аманда Брукс (34) од Флорида била уапсена минатата недела поради сомневање дека десет години го силувала помладиот брат на својот сопруг, кој боледувал од аутизам, и родила негово дете.
Жената била обвинета за сексуален напад од роднина на својот сопруг, кој боледувал од аутизам, а покрај ова кривично дело, била обвинета и за давање лажни податоци во полиција.
Имено, во јуни минатата година Аманда стапила во контакт со шерифот на округот Монро и пријавила сексуален напад од страна на сопругот и неговиот помал брат, што всушност не било точно.
Полицајците од нејзините информации добиле и список на наводни настани што се случиле помеѓу февруари и април 2022 година, а таа исто така рекла дека била присилена и принудена на сексуални активности, како и дека била вербално и психички малтретирана.
Еден месец по пријавата на Аманда, мајката на деверот на Аманда ја пријавила дека таа всушност го силувала нејзиниот син, а не обратно.
Наводно, Брукс пред 10 години во неколку наврати сексуално го вознемирувал својот девер, а поради болеста, тој не можел да се бори со неа и да ѝ каже „не“.
Мажот рекол дека се сеќава оти таа го убедувала да има секс четирипати, а само трипати во текот на 2022 година. Како што рече во судот, инцидентите се случиле во февруари, март и во мај по што рече „веќе не сака и не треба да го прават“. На тоа жената одговорила дека „треба да молчи и да не кажува никому бидејќи тоа ја прави да се чувствува добро“.
Сопругот на Аманда негира дека имал каков било сексуален контакт со Брукс во тој период велејќи дека таа „го намалувала сексуалниот контакт со него“ иако забележал дека има тест за овулација.
Според изјавата, Аманда не дала никаква потврда за своите наводи.
Ангажирала и бранител, кој не возвраќал ниту на повици ниту на имејлови.
Резултатите од примероците на ДНК покажаа дека бебето што Аманда го роди на 9 јануари годинава е дете на братот на сопругот, пренесува „Фокс 35 Орландо“.
Таа беше уапсена на 10 декември и останува во затворот во округот Монро со обврзница од 150.000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

