Свет
„Ставивме маси кај вратата од училницата и се скривме“ – сведок на масовното пукање во Прага откри што се случувало на универзитетот
Сведоците на масовното пукање на Филозофскиот факултет во Прага сѐ уште се потресени, а некои сѐ уште не кажале ниту збор. Еден од студентите, Матијаш Леднички, за локалните медиуми раскажа што се случило во самата зграда на факултетот тој кобен ден.
Матијаш, кој студира веронаука, рекол дека напаѓачот бил на предавање на универзитетот, а тој заедно со колегите бил во предавална на приземјето, во задниот дел од зградата.
Забележал дека нешто се случува кога видел неколку полициски автомобили на соседната улица, но не мислел дека се работи за масовно пукање бидејќи група полицајци во центарот на градот е вообичаена работа.
Но, тогаш почнале да го вадат оружјето и сфатил дека нешто сериозно се случува. Тој целиот свој живот живее во Прага и никогаш не видел нешто слично.
BREAKING: Footage show students hiding on a ledge during an ongoing mass shooting in University in Prague pic.twitter.com/8j5bkHInwd
— Lore of the Land (@LoreOfTh3Land) December 21, 2023
Според него, целата училница се исплашила кога ја слушнале вревата во ходниците. Веднаш ставиле маса покрај вратата и се скриле, а потоа повикале полиција.
„Реков дека сме на Филозофскиот факултет. Диспечерот ме праша во која училница сме и колку има, а потоа ми рече да почекам да дојде полиција да нè земе. Не знам ни колку долго чекавме“, рече тој.
По извесно време, четворица полицајци со автоматски пушки влегле во училницата и им рекле да ги кренат рацете над главите, ги претресле и почнале да ги изнесуваат од зградата на факултетот. Матијап вели дека по пат виделе ранети и убиени.
„Се плашев, но тоа беше толку чуден страв. Бев преокупиран да им ја преведам целата ситуација на другите студенти што дојдоа преку програмата ‘Еразмус’, па бидејќи не знаат што се случува, се обидов да им објаснам. Имав среќа да бидам во оваа училница, а не во друга“, рече тој.
Дејвид Козак, студент на Филозофскиот факултет, во четвртокот уби најмалку 15 лица и рани најмалку 24. Како што објавија медиумите, Козак на социјалната мрежа „Телеграм“ напишал дека планирал масакр. По трагедијата, Козак се самоуби.
Полицијата сѐ уште не го соопшти идентитетот на жртвите, но најверојатно се работи за студенти и предавачи на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага.
Владата на Чешка ја прогласи сабота, 23 декември, за ден на жалост кога националните знамиња ќе бидат на половина копје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.