Европа
Убиецот од Прага имал пушка вредна 8.000 евра: „Не треба посебна обука за неа“
Човекот што уби најмалку 14 луѓе на Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во Прага имал долга пушка со оптика. Тоа го докажува фотографијата на која е фатен на шеталиштето на зградата на Факултетот. Поранешниот полициски инспектор и инструктор по стрелање, Павел Черни, за чешките медиуми изјави дека станува збор за многу скапа пушка.
„Според она што го видов, тоа беше долго оружје од типот ‘АР-15’, во калибар од 308, ‘винчестер’. Значи, со релативно големи патрони. И оружјето имаше нишан. Тоа е луксузно и скапо оружје, кое чини околу 200 илјади круни (нешто повеќе од 8.000 евра)“, рече тој. „Тоа не е реткост во Чешка, но е навистина скапо. Тоа е како да избирате тјунирано ‘бмв’ меѓу автомобилите“, вели пензионираниот полициски потполковник.
Но, според Черни, не ви треба многу искуство за да ракувате со такво оружје кога пукате од непосредна близина. „Нему не му е потребна посебна обука за да пука во луѓе на оваа далечина“. Во Чешка за оваа пушка е потребна дозвола за огнено оружје.
Полицијата сѐ уште официјално не потврдила дека убиецот во нападот го користел оружјето што се гледа на фотографиите. „Можам да замислам дека внатре во зградата пукал со пиштол, а не со оваа пушка. Ако се застрелал себеси, теоретски можело да биде со пушка, но тоа би било малку уметнички подвиг“, вели инструкторот.
Полицијата потврди дека сторителот е легален сопственик на оружје. „Откривме дека тој легално поседува неколку огнени оружја. Во неговото минато не е пронајдено ништо лошо“, рече претседателот на полицијата, Мартин Вондрашек. Според достапните информации, убиецот се застрелал, но само кога полицајците пукале во него.
Шефот на полицијата исто така рече дека полицијата пронашла „голем арсенал оружје и муниција“ во зградата на Факултетот.
Нападот на Факултетот е најлошиот во историјата на Чешка. Во Ухерске Брод во 2008 година напаѓач уби осум лица, а напаѓач од болница во Острава уби шест во 2019 година. Насилниците во Ухерске Брод и Острава пукале со пиштоли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.
Европа
Продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
Тој претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од 14 февруари до 14 мај.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна напад врз Украина.
Оттогаш, мерката беше продолжена неколку пати.
Оваа мерка значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не можат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Во април, парламентот усвои закон за ажурирање на правилата за мобилизација додека земјата се обидува да ги надополни редовите на своите вооружени сили.
Европа
На парадата на Путин имаше само еден тенк, луѓето се потсмеваат: „Па, барем вози“
Иако воената парада во Москва е нормално можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
The only Russian tank present at today’s Victory Day parade in Moscow is a single T-34. pic.twitter.com/ut3T6zr31v
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 9, 2024
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад денес“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за „Фајненшл тајмс“. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на „Икс“ напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори „втора армија на светот“ како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.