Свет
Жена прободена во Израел, полицијата засега го третира нападот како терористички
Една 62-годишна жена била избодена со нож во централниот израелски град Кфар Саба во чин што полицијата сега го истражува како потенцијален терористички напад, објави „Тајмс оф Израел“.
Според весникот, повикувајќи се на извори од полицијата, полициските службеници сега се на местото на настанот и ги затвориле приодните патишта.
Службата за итни случаи ЗАКА од Ерусалим, како што се цитира во извештајот, вели дека напаѓачот бил неутрализиран не разјаснувајќи дали тоа значи дека тој е сè уште жив.
Избодената жена била однесена во болница во сериозна состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Двајца Холанѓани загинаа во лавина во Швајцарија
Двајца Холанѓани загинаа во лавина во близина на Давос, Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.
Загинатите биле мажи на возраст од 35 и 31 година, кои биле на скијање, пишува NL Times.
Двајцата, заедно со швајцарскиот инструктор за скијање и уште едно лице, вчера наутро тргнале од селото Сертиг-Дерфли во југоисточна Швајцарија.
Свет
Финска одобри воена помош за Украина во вредност од речиси 200 милиони евра
Финска го одобри својот 27-ми пакет воена помош за Украина во вредност од 198 милиони евра, соопшти финското Министерство за одбрана.
Пакетот ја зголемува вкупната воена помош на Финска за Украина на 2,5 милијарди евра од почетокот на војната во Украина во 2022 година, се вели во соопштението на финското Министерство за одбрана.
Содржината на последниот пакет помош останува тајна, како и со претходните пакети.
Претходно и шведската влада вети дополнителна воена помош од 1,2 милијарди долари за Украина, велејќи дека Европа треба да се подготви да преземе поголем дел во поддршката на Киев, јави агенцијата АФП.
Шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон рече дека пакетот помош, 18-ти во земјата од инвазијата на Русија врз Украина во 2022 година, е најголемиот досега и е знак дека Шведска е подготвена да ја поддржи Украина на „долг рок“.
Свет
Трамп: Хеликоптерот што се судри со патнички авион летал превисоко
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воениот хеликоптер „Блек Хок“ кој се судри со патнички авион во Вашингтон, летал превисоко во моментот на несреќата. Војската сè уште не одговорила на барањето за коментар.
Американските воени хеликоптери редовно летаат на рута над реката Потомак во близина на прометниот национален аеродром Роналд Реган Вашингтон, т.н. рута четири. Од безбедносни причини, висината на летот за хеликоптери е ограничена на 61 метар.
„Хеликоптерот Блекхок леташе премногу високо, премногу високо. Многу над 200 метри. Тоа навистина не е премногу тешко да се сфати, нели?“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Федералните транспортни власти ја истражуваат несреќата. Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет вчера изјави дека се чини дека проблемот е висината на која летал хеликоптерот и дека воените истражители спроведуваат истрага на теренот. Но, Хегсет и војската нагласија дека тројцата членови на екипажот на хеликоптерот биле искусни војници.
Војската објави дека инструкторот за летање кој управувал со авионот имал 1.000 часа лет, а другиот пилот имал 500. Хеликоптерот му припаѓал на 12-тиот авијациски баталјон, кој се наоѓа во Форт Белвоар, Вирџинија. Единицата е одговорна за летови со хеликоптери во областа на главниот град на САД и редовно превезува високи американски претставници.