Европа
Заболени работници во Австрија разнесувале пратки и заразиле уште 158 лица

Четворица работници на центарот за дистрибуција на пратки во близина на Виена не го почитувале карантинот и продолжиле да работат иако биле заразени со коронавирусот, па така заразиле 158 лица, јавуваат австриските медиуми.
„Сега знаеме како коронавирусот се појави во центрите за дистрибуција на пошта“, изјавил неименуван извор во надлежната здравствена установа за виенскиот весник „Естерајх“.
Изворот посочи дека четири лица, кои биле позитивни на коронавирусот во Виена, ја игнорирале одлуката за карантин и продолжиле да работат во центарот во Хагенбрун како надворешна работна сила.
Тоа е можно затоа што виенските здравствени власти сè уште не го контролираат карантинот на самото место, туку само испраќаат СМС-порака до пациентите, кои може да одговорат на тоа каде и да се.
Вкупно во Австрија имало 40.000 контролни посети на пациенти во домашен карантин, од кои 26.000 во покраината Тирол, 9.000 во провинцијата Штаерска, а во Виена немало ниту една карантинска проверка со помош на полицијата.
Покраинската служба за криминалистички истраги во Виена почна истрага за случајот на инфекцијата што се појавила во центрите на поштата.
Непридржувањето кон карантинот се третира како свесна закана за луѓето, а за тоа е предвидена казна до три години затвор.
Виенската полиција доби налог да провери дали неколку баратели на азил ја игнорирале одлуката за карантин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украински напад на 2000 километри од фронтот: рафинерија погодена во далечниот Сибир

Украински беспилотни летала наводно го нападнале сибирскиот град Тјумен доцна синоќа, на повеќе од 2.000 километри од линијата на фронтот, известија локалните руски претставници, пишува „Киев Индепендент“.
Службениците во рускиот Тјуменски регион објавија на „Телеграм“ дека три украински беспилотни летала биле соборени над „индустриски објект“ во градот. Тие додадоа дека немало пожари, жртви или експлозии за време на нападот и дека објектот работел „без прекин“.
Сепак, рускиот медиумски канал ASTRA на Телеграм објави, повикувајќи се на локалните жители, дека целта на нападот веројатно била рафинеријата за нафта Антипински, која се наоѓа во југоисточниот дел од градот.
Жителите објавија дека слушнале експлозии и виделе бројни противпожарни возила на патот помеѓу 20 и 21 часот по локално време. Проукраинските канали на социјалните медиуми објавија дека Украина поставила нов светски рекорд за најоддалечен напад од таканаречени самоубиствени дронови.
BREAKING:
Ukraine has set a new world record for the longest suicide drone strike in a war.
Ukrainian suicide drones have hit a Russian oil refinery in Tyumen, 2100 km (1300 miles) away from the Ukrainian border.
The previous record on 1800 km was set in August. pic.twitter.com/waMkgzIG9A
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 6, 2025
Руското Министерство за вонредни ситуации одговори на нападот со соопштение во кое се вели дека немало пожар во рафинеријата. „Киев Индепендент“ не беше во можност независно да ги потврди овие тврдења, а украинската војска сè уште не го коментираше нападот, иако е веројатно дека биле користени дронови со долг дострел.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украински дрон нападна рафинерија на 1400 километри од границата: Русите пукаа, но залудно

Украински дрон ја погоди рафинеријата Орск (Orsknefteorgsintez) во регионот Оренбург, објавија украинските канали на Телеграм. Рафинеријата се наоѓа на околу 1.400 километри воздушна линија од украинската граница.
Голема руска рафинерија
Рафинеријата има капацитет за преработка од приближно 6,6 милиони тони нафта годишно. Фабриките произведуваат бензин, дизел гориво, керозин за авијација, масло за греење, битумен и мазива.
The Orcs in Orsk, Orenburg Oblast 🇷🇺 filming the moment our BEAUTIFUL drones destroy yet ANOTHER oil refinery 😍🔥 pic.twitter.com/kdp7E2qjzZ
— Richard Woodruff 🇺🇦 (@frontlinekit) October 3, 2025
Русите се обидоа да го соборат дронот, но безуспешно
Анализата на фотографиите и видеата покажува дека нападот е извршен од беспилотни летала AN-196 „Љути“. Според геолокираните материјали, погодена е хидропреработувачката единица LCh-24-2000 за бензин и дизел, модернизирана во 2014 година за подлабоко прочистување на горивото и усогласување со новите еколошки стандарди, пишува украински блогер.
Orcs treated Lutyi’s arrival like a village festival 🫡#Orsk pic.twitter.com/I4wsCvORCi
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 3, 2025
Објавената снимка прикажува украински дрон кој руските ад хок противвоздушни единици безуспешно се обидуваат да го соборат со полуавтоматско оружје.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Треба да ја бојкотираме Евровизија ако Израел биде исклучен

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија треба да се повлече од следниот Евровизиски натпревар во Виена доколку Израел биде исклучен.
На прашањето во интервју за АРД дали Германија треба доброволно да се повлече од настанот, конзервативниот политичар одговори: „Би го поддржал тоа. Мислам дека е скандал што воопшто се дискутира за тоа. Израел припаѓа таму.“
Земји од Европа и пошироко ги поднесуваат своите песни за Евровизискиот натпревар, а настапите ги оценува национално жири и јавно гласање. Притисокот врз организаторите на натпреварот расте со недели, а неколку радиодифузери, вклучувајќи ги и оние од Шпанија, Ирска и Холандија, се закануваат дека ќе се повлечат доколку на Израел не му биде забрането учество, наведувајќи ја воената акција на земјата во Појасот Газа.
Националните радиодифузери играат централна улога на Евровизискиот натпревар, со оглед на тоа дека официјални претставници на нивните земји во рамките на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), се одговорни за изборот на нивните учесници, координирање на преносите во живо и надгледување на процесот на гласање.
ЕБУ кон крајот на минатиот месец изјави дека ќе одржи онлајн состанок на сите членови во ноември за да гласаат за учество на натпреварот во 2026 година. Следниот Евровизиски натпревар треба да се одржи во Виена во мај 2026 година. Големи јавни протести против учеството на Израел на Евровизискиот натпревар се случија оваа и минатата година.
фото: принтскрин