Свет
Завршија преговорите помеѓу Украина и Русија – светот во исчекување
Како што пренесуваат светските медиуми, завршија преговорите помеѓу Украина и Русија, кои се водеа во Белорусија. Преговорите чиј исход го чека целиот свет траеја околу три часа.
Засега се знае само дека се завршени, но сѐ уште не е соопштено дали и што е постигнато во тие преговори.
Украинската делегација на преговорите бара повлекување на сите руски војници, вклучително и Крим и Донбас – изјави советникот на шефот на претседателскиот кабинет, Арестович.
? Video from the beginning of negotiations.#Ukrayna #Ukraine pic.twitter.com/BePlPnG7F6
— Aykan (@KirikAy2012) February 28, 2022
Преговорите меѓу Русија и Украина почнаа денеска во регионот Гомел, потврди руското Министерство за надворешни работи. Делегациите беа пречекани од Владимир Макеи, шеф на администрацијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
„Можете да се чувствувате целосно безбедни. Тоа е наша света должност!“, рече Мекеј, пренесува „Украинска правда“.
Весникот наведува дека почетокот на средбата бил емитуван на интернет, но дека преносот подоцна бил исклучен на барање на руската страна.
Руската делегација ја предводи советникот на шефот на државата, Владимир Медински, а во неа се и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Руденко, заменик-министерот за одбрана, Александар Фомин, и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Думата, Леонид Слуцки.
Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников, е на чело на украинската делегација, во која се и советникот на началникот на Генералштабот, Михаил Подољак, лидерот на Слуга на народот, Давид Арахамија, шефот на украинската трилатерална контакт-група, Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик-министерот за надворешни работи, Николај Точицки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

