Свет
Запаливи балони кои паднаа врз градинка во Израел предизвикаа прекин на примирјето
Израелската армија и екстремистите во Појасот Газа се судрија три дена по стапувањето во сила на неофицијалниот прекин на огнот. Со овој договор требаше да се стави под контрола најголемата ескалација на насилство во војната на палестинската територија.
Израелски авион нишанел кон група Палестинци кои пуштале балони со запалив материјал од источниот дел на Појасот Газа и наводно раниле две лица, објавија израелските медиуми.
Балон од запалив материјал паднал и во детска градинка во јужниот дел на Израел, во близина на границата со Газа. Наводно, во тој момент имало деца во дворот на градинката, но никој не бил повреден.
На конфликтот му претходеше средба на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана, Авигдор Либерман, со претставници на израелските безбедносни сили на границата.
„Се наоѓаме во средиштето на размена на удари и можам да ви кажам дека израелските одбранбени сили се подготвени за секое сценарио“, рече Нетанјаху.
Либерман објави дека во случај на војна Израел ќе одлучи за правилата на игра и ќе победи.
Во меѓувреме претставниците на екстремистичките организации, Хамас што владе со Појасот Газа и Исламскиот џихад, наводно се договориле со египетските служби како да го прекинат продолжувањето на непријателството.
Сепак, и по прекинот на огнот во саботата вечерта, кој беше постигнат со посредство на Египет, Палестинците продолжија да пуштаат змејови и балони со запаливи материи кон јужниот дел на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

