Свет
Захарова: Во САД, на изборите во Русија се гледа како Путин да ќе владее и со Америка

Вниманието во Соединетите Американски Држави е фокусирано на претседателските избори во Русија до тој степен што се чини дека рускиот лидер истовремено ќе управува и со САД, изјави официјалниот претставник на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа изјави дека во текот на изминатите неколку месеци, секој американски телевизиски канал одвојува часови за програма посветени на претседателските избори во Русија.
– Навистина ги третираат изборите за претседател на Русија како да си бираме претседател за себе, но во исто време и човек кој донекаде ќе управува и со Соединетите Американски Држави. Така го претставуваат – рече Захарова.
Таа објасни дека во САД долго време се зборува за тоа дека руското раководство наводно го избира американскиот претседател. Сега во САД не можат да се откажат од темата за зависноста на американските избори од руските избори.
Претседателските избори во Русија се одржуваат од 15 до 17 март. Кандидати за шеф на државата се Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и Владимир Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сојузниците и’ нудат помош за Полска во зајакнувањето на својата противвоздушна одбрана

Полска доби понуди од своите европски сојузници за зајакнување на својата противвоздушна одбрана, изјави премиерот, Доналд Туск.
Тој рече дека штотуку разговарал со лидерите на Франција, Германија, Обединетото Кралство, Италија, Холандија, Украина и НАТО.
„Во денешните разговори добив не само изрази на солидарност со Полска, туку пред сè предлози за конкретна помош за одбрана на нашиот воздушен простор“, рече Туск.
Свет
Британските медиуми јавуваат за средба меѓу Хари и Чарлс по повеќе од една година, принцот влезе во кралската резиденција

Принцот Хари беше виден како влегува во кралската резиденција Кларенс Хаус, среде шпекулациите за средба со неговиот татко, кралот Чарлс.
Нема потврда од Бакингемската палата или од претставниците на војводата од Сасекс, но кралот беше виден и како влегува во Кларенс Хаус порано.
Се верува дека кралот отпатувал во Лондон од Шкотска во среда попладне, а принцот Хари беше во Велика Британија за добротворни настани оваа недела.
Немало средба лице в лице меѓу татко и син од февруари 2024 година, а принцот Хари во интервју за Би-Би-Си во мај 2025 година рече: „Би сакал помирување со моето семејство“.
Последниот пат кога таткото и синот се сретнаа беше кратко откако на кралот му беше дијагностициран рак минатата година, кога принцот Хари отпатува во Велика Британија на кратка средба.
Принцот Хари оттогаш ја посети Велика Британија, вклучително и за судски случаи, но не го видел својот татко.
Тој се врати во Велика Британија во понеделник и одржа серија добротворни настани во Лондон и Нотингем – и покрај прашањата дали ќе се сретне со својот татко.
Во четврток, тој ќе ја напушти Велика Британија и ќе се врати во САД за да ги види Меган и нивните деца, кои не дојдоа на ова патување, пишува Би-Би-Си.
Свет
Mерц: Русија ги загрози човечките животи во земја-членка на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро го осуди нарушувањето на полскиот воздушен простор со борбени беспилотни летала и ја осуди Русија за провокации.
„Русија се закани со човечки животи во земја која е членка на Европската Унија и НАТО“, објави Фридрих Мерц.
Канцеларот изјави дека денешната „неодговорна акција“ е уште една во долгата низа провокации во балтичкиот регион и источното крило на НАТО.
„Германија остро ја осудува оваа агресивна руска акција“, се вели во соопштението за медиумите.
Мерц верува дека е добро што Полска и партнерите од НАТО брзо ја забележаа, реагираа и ја отстранија опасноста.
„НАТО е и останува подготвен да се брани“, заклучи Мерц.
Пред тоа, германскиот министер за одбрана Борис Писториус објасни во Бундестагот дека нема причина да се верува дека станува збор за грешка во управувањето со беспилотните летала.