Свет
Захарова: НАТО испраќа војници во Украина и акумулира оружје

Земјите членки на НАТО под маската на воени инструктори испраќаат милитанти во Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Регионот, особено Украина, акумулира оружје. Зборувам за директни испораки, договори за иднината, милиони, милијарди. Покрај тоа, милитантите се испраќаат таму под маската на воени инструктори“, изјави Захарова за телевизијата Крим-24, јавува ТАСС.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија е загрижена поради можното распоредување на западни трупи во Украина и рече дека таквата ситуација ја принудува Москва да преземе мерки за одбрана на своите интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц: Русија ја загрозува безбедноста на цела Европа

Русија ја загрозува безбедноста на цела Европа, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на неговата посета на Литванија.
Мерс во Литванија присуствува на основањето на првата постојана германска воена единица во странство по Втората светска војна.
„Русија е закана за сите нас“, рече тој на прес-конференција во литванскиот главен град Вилнус.
„Се заштитуваме од таа закана – и затоа сме тука денес.“
Мерц нагласи дека НАТО е подготвен да ја брани својата територија „од каква било агресија“.
„Заедно со нашите партнери, решени сме да ја заштитиме територијата на Северноатлантската унија од каква било агресија. Безбедноста на нашите балтички сојузници е и наша безбедност“, изјави тој за новинарите.
Мерц изјави денес дека напорите за постигнување прекин на огнот во Украина се уште се во рана фаза и би можеле да траат со месеци.
„Немаме илузии. Нема брзо решение. Ова е процес што штотуку започна и може да потрае уште многу недели, можеби дури и месеци“.
Тој рече дека Европската Унија не пропушта можности за постигнување дипломатско решение, но дека тоа не е можно во краток временски период, пренесува Политико.
Тој исто така, укажа на важноста на западното единство, велејќи дека координацијата со партнерите од ЕУ и контактирањето со американските пратеници ќе останат клучен дел од стратегијата на Германија, пренесуваат медиумите во регионот.
– Исто така, во интерес на Америка е да продолжиме да се движиме напред заедно – рече тој, додавајќи дека неговите разговори со членовите на американскиот Конгрес покажале поддршка за продолжување на трансатлантската алијанса.
Свет
(Видео) Авион се урна врз куќи: цела населба е евакуирана во Сан Диего

Мал приватен авион се урна во станбена област во Сан Диего, предизвикувајќи пожар во околу 15 куќи, по што службите за итни случаи веднаш започнаа со евакуација на целата населба.
„Имаме керозин насекаде. Нашата главна задача е да ги пребараме сите куќи и да ги евакуираме луѓето што е можно поскоро“, изјави заменик-началникот на противпожарната служба Ден Еди.
A small plane crashed into a #SanDiego neighborhood, setting about 15 homes on fire & leading to evacuations along several blocks. The Federal Aviation Administration confirmed that the aircraft involved was a Cessna 550 en route to Montgomery-Gibbs Executive Airport. pic.twitter.com/RZl906vJSQ
— Abhijit Pathak (@aajtakabhijit) May 22, 2025
Според него, неколку домови биле директно погодени од падот на авионот.
Во времето на несреќата, областа била под густа магла, што можело да го отежни летот.
Свет
Путин: Руските сили го решаваат прашањето за создавање на безбедносна тампон зона на границата со Украина

Руските вооружени сили во моментов го решаваат прашањето за создавање безбедносна тампон зона по должината на границата со Украина, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.
„Веќе реков дека е донесена одлука за создавање неопходна безбедносна тампон зона по должината на границата. Нашите вооружени сили моментално го решаваат овој проблем“, рече Путин за време на состанокот со членовите на руската влада.
Путин истакна дека руските сили „активно ги потиснуваат непријателските позиции на огнено оружје“, како и дека Украина избира цели кои „немаат воено значење, вклучувајќи цивилни објекти, куќи и луѓе“, пренесува РИА Новости.
Рускиот лидер истакна дека главната задача за обезбедување на безбедноста е деминирање на пограничните области каде што имало борби, додавајќи дека е потребна поголема помош за жителите на тие региони, пренесува Танјуг.