Свет
Захарова: Оваа војна трае веќе осум години – денеска срамно лажат
Војната во Украина не почна денеска, таа трае веќе осум години и сега завршува, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Тие што мислат дека војната почна денеска срамно лажат. „Војната трае осум години и осум години Русија ги вложи сите можни напори – политички, дипломатски, правејќи го тоа за да ја запре војната и да спречи таа да се претвори во нешто поглобално“, изјави таа за ТВ „Русија 24“.
Специјалната операција не е почеток на војната, тоа е спречување на катастрофалното сценарио од развојот на таа војна, рече таа.
„И тоа е крајот на војната што траеше“, рече Захарова.
Како што истакна таа, Западот е хистеричен поради Украина, а во исто време заборава на одговорноста да се оддалечи од дијалогот.
„Нашите западни партнери се хистерични и поради некоја причина забораваат една важна работа – кога нѐ обвинуваат, како и секогаш, дека правиме сѐ од година на година, за сѐ што е можно, сега забораваат да кажат дека ги затвориле сите опции за преговарачкиот процес“, истакна Захарова.
Според неа, американската страна подло тврдела дека ќе се откаже од дијалогот со Русија во Женева.
„Разговорите меѓу руската и американската делегација на ниво на министри за надворешни работи во Женева беа закажани за 24 февруари. Работевме на подготовка на преговорите, Русија даде согласност, бевме во контакт со Американците преку Амбасадата, а потоа, кога останаа само неколку часа до заминувањето на руската делегација, добивме порака од секретарот Блинкен“, рече таа.
Блинкен во пораката наведува дека „американската страна нема намера да преговара со Русија за прашањето за безбедноста или за кое било друго прашање што во моментот не е дел од агендата“, рече Захарова.
Во врска со евакуацијата на украинската дипломатска мисија од Москва, Захарова рече дека Амбасадата на Украина во главниот град на Русија и Украинците во Русија, за разлика од руските дипломати во Украина, никој не ги загрозува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.