Свет
За Франција, иранскиот нуклеарен договор не е мртов и покрај повлекувањето на САД
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ледријан, вели дека иранскиот нуклеарен договор не е мртов, и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се повлече од него, пренесува Би-би-си.
Договорот од 2015 година ги ограничи нуклеарните активности на Иран во замена за укинување на санкциите што беа наметнати од ОН, САД и од ЕУ. Но Трамп тврдеше дека договорот е фаличен во самата основа, велејќи дека ќе се повлече од него и повторно ќе ги воведе санкциите.
Во своите коментари за француското радио, Ледријан рече: „Договорот не е мртов. Американците се повлекоа од договорот, но договорот сé уште постои”. Тој рече дека во понеделник е закажана средба меѓу Франција, Британија, Германија и Иран.
Од Русија нагласија дека се длабоко разочарани од одлуката на Трамп, додека Кина изрази жалење. Но потегот беше поздравен од големите регионални ривали на Иран, Саудиска Арабија и Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, еден од најгласните критичари на договорот, рече дека целосно го поддржува повлекувањето на Трамп од, според него, катастрофалниот договор.
Другите потписници на нуклеарниот договор велат дека и понатаму остануваат посветени на договорот.
Нуклеарниот договор беше договорен меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија – и Германија. Договорот беше издејствуван од претходникот на Трамп, Барак Обама.
Иран соопшти дека ќе се обиде да го спаси договорот, но ќе го рестартира збогатувањето на ураниумот ако продолжувањето на договорот не е можно. Во соопштението, иранскиот претседател Хасан Рухани рече: ”
„Ако ги постигнеме целите на договорот во соработка со другите потписници, тој ќе остане на сила”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.