Европа
Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку многу жртви ако минатата есен беа воведени санкции кон Русија, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски обраќајќи се преку видеоврска до лидерите на Светскиот економски форум во Давос.
Да имаше целосно единство кога Русија го истражуваше Крим во 2014 година, немаше да има инвазија во февруари, посочи тој, пренесува „Гардијан“.
Основачот на Светскиот економски форум го претстави Зеленски, кој беше пречекан со аплауз кога се приклучи преку видеоврска велејќи дека сите биле сведоци на неговото храбро лидерство и дека тој, како и сите присутни, сака да чуе како може да ѝ помогнат на Украина.
Зеленски рече дека му претставува голема чест што учествува на годинешниот Форум во Давос, чија тема е „Историјата на пресврт“.
„Оваа година зборот пресврт е повеќе од реторички – ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот“, рече Зеленски.
Како што истакна, доколку тоа се случи, тогаш собири како овој во Давос веќе немаат смисла.
Зеленски повика на максимални санкции против Русија за да може таа и која било друга земја да бидат спречени доколку сакаат да извршат брутална инвазија против своите соседи.
Тој истакнал дека такви санкции во моментот не постојат и побарал Русија да воведе целосно ембарго на нафтата, да им се забрани на сите руски банки да бидат дел од глобалните системи без исклучоци, да се изолира рускиот ИТ-сектор и да се запре секаква трговија со Русија.
Зеленски ги повикал сите лидери присутни во Давос, кои сѐ уште не ја напуштиле Русија, да го сторат тоа.
„Секоја компанија што ќе ја напушти Русија е добредојдена да се пресели на украинскиот пазар, каде што ќе ужива навистина голема поддршка и слобода“, кажал Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин