Европа
Зеленски: За влакно е избегната нуклеарна катастрофа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот за влакно избегнал катастрофа со радијација, бидејќи струјата на украинската нуклеарна централа Запорожје била прекината со часови поради руското гранатирање во областа, што, пак, Москва го негираше.
Зеленски рече дека руското гранатирање предизвикало пожари во јамите за пепел на блиската електрана на јаглен, што ја исклучило струјата во реакторскиот комплекс, најголемиот таков објект во Европа. Помошните дизел генератори обезбедиле снабдување со електрична енергија што е од клучно значење за системите за ладење и безбедност на централата, рече Зеленски, пофалувајќи ги украинските техничари кои работат со централата под надзор на руската војска.
„Доколку персоналот на нашата нуклеарна централа не реагираше по прекинот на електричната енергија, ќе бевме принудени да ги надминеме последиците од несреќата со радијација“, рече тој во вечерното обраќање. „ Русија ги стави Украина и сите Европејци на работ на катастрофа со радијација“.
Владимир Рогов, службеник назначен од Русија во окупираниот град Енерходар во близина на централата, ги обвини украинските вооружени сили за шумскиот пожар во близина на централата. Тој рече дека градовите во областа биле без струја неколку часа.
„Тоа беше предизвикано од исклучувањето на далноводот и нуклеарната централа Запорожје како резултат на провокациите на борците на Зеленски“, напиша Рогов на Телеграм. „ Самото исклучување беше предизвикано од пожар и краток спој на далноводите“ додаде тој.
Украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ соопшти дека тоа е прво целосно затемнување на централата, која стана точка на удар во шестмесечната војна.
Обединетите нации бараат пристап до објектот и повикаа областа да се демилитаризира. Официјални лица на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се „многу, многу блиску“ до посета на Запорожје, изјави вчера главниот директор на агенцијата Рафаел Гроси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.