Свет
Зеленски на самитот во Гранада: Главниот предизвик е да се зачува единството во Европа
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека зачувувањето на единството во Европа е главната задача на самитот на Европската политичка заедница во Гранада.
„Главниот предизвик е да се зачува единството во Европа, не само во ЕУ туку и во цела Европа“, рече Зеленски по пристигнувањето на самитот.
Тој предупреди на, како што тврди, руски дезинформациски напади.
На тој состанок беа поканети 47 шефови на држави и влади, како и претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија и претседателот на Европскиот парламент.
Лидерите ќе разговараат за подобрување на политичкиот дијалог и соработка со цел зајакнување на безбедноста и стабилноста на европскиот континент, се додава во соопштението.
„Ќе посветиме посебно внимание на регионот на Црното Море, како и на нашите заеднички напори за зајакнување на глобалната безбедност на храната и слободата на навигација“, рече Зеленски во објавата на платформата Х („Твитер“).
Тој изјави дека клучниот приоритет на Украина е да ја зајакне својата воздушна одбрана како што се приближува зимата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Иран убиени двајца судии од Врховниот суд
Двајца судии се убиени утрово во напад пред зградата на Врховниот суд во Техеран, јавија државните медиуми.
„Тројца судии од Врховниот суд беа мета“.
„Двајца се убиени, а еден е повреден“, објави судската веб-страница Мизан онлајн, додавајќи дека напаѓачот се самоубил.
Свет
Америка подигa бодликава жица на границата со Мексико пред инаугурацијата на Трамп
Агентите на американската гранична патрола вчера подигнаа бодликава жица меѓу градот Ел Пасо во Тексас и неговиот мексикански сосед Сиудад Хуарез, забележа репортер на АФП.
Агентите на Царината и граничната заштита (ЦБП), исто така, спроведоа безбедносни вежби во близина на меѓународниот мост што ги поврзува двата града, што беше забележано три дена пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кој се враќа во Белата куќа во понеделник.
Минувањето на автомобили беше во прекин 40 минути.
„Ова е второ затворање што го гледам за една недела“, изјави за АФП Јадира Мартинез, корисник на меѓународниот мост.
По неговата победа, Трамп рече дека сака да прогласи национална вонредна состојба за да го спроведе својот план за масовно протерување мигранти и дека има намера да ги искористи вооружените сили за тоа.
„Закана број еден за нашата внатрешна безбедност е јужната граница со Мексико#, изјави вчера Кристи Ноем, која новоизбраниот претседател ја назначи за шеф на американското Министерство за домашна безбедност, посебно одговорна за контрола на имиграцијата.
Свет
„Тик-ток“: Утре се гаснеме во Америка
„Тик-ток“ синоќа предупреди дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре, освен ако не добие јасна изјава од Белата куќа за својата иднина.
Ова се случува откако Врховниот суд го потврди законот со кој се забранува Тик-ток во Соединетите држави поради национална безбедност, освен ако кинеската матична компанија „Бајт денс“ не го продаде на одобрен американски купувач, што компанијата го одбива.
Со оваа одлука, популарната апликација за кратки видеа е во опасност утре да исчезне.
Судската одлука ги фрла платформата и нејзините 170 милиони американски корисници во неизвесност, а нејзината судбина во рацете на Доналд Трамп, кој вети дека ќе го спаси ТикТок откако ќе се врати на претседателската функција во понеделник.