Свет
Кучето на Бајден иселено од Белата куќа по каснувањето агенти на тајната служба
Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден, Командер, кој повеќепати касна членови на тајната служба, е преместено од Белата куќа на друга локација.
Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година, а на една вработена неодамна ѝ била потребна лекарска помош кога била нападната и касната од двегодишниот германски овчар, пренесува „Скај њуз“.
Елизабет Александар, портпаролката на првата дама Џил Бајден, потврди дека кучето моментно не е во комплексот на Белата куќа и додаде дека „се проценуваат следните чекори“.
Таа истакна дека Бајденови длабоко се грижат за безбедноста на нивниот персонал и на сите други кои ги штитат секој ден.
„Тие остануваат благодарни за трпението и поддршката на американската тајна служба и продолжуваат да работат на решенија“, рече Александар додавајќи дека Белата куќа може да биде „стресна средина за домашните миленици“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.
Регион
Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.
Свет
Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница
Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.
Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.
„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.