Свет
Зеленски потпиша нов закон: За предавство доживотна казна затвор
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша построг закон. За предавство се планира казна од 15 години, па дури и доживотна затворска казна.
Според веб-страницата на Врховната рада, изгласан е амандман на законот за враќање на огненото оружје и муницијата на цивилите за да се заштити земјата за време на војната и предвидува дека цивилите не се одговорни за употребата на огнено оружје против лица кои вршат вооружена агресија врз Украина.
Покрај тоа, граѓаните на Украина имаат можност да учествуваат во одбивањето и одвраќањето на вооружена агресија од страна на Руската Федерација и/или други земји, користејќи сопствено наградно оружје, спортско оружје (пиштоли, револвери, пушки), ловечки пушки, или комбинирани залихи оружје.
Законот ги заострува казните за отуѓување туѓ имот на бојното поле или користење на трагични околности, борење за сопствена корист со ограбување луѓе, вклучително и убиени или ранети. Поточно, за кражба, разбојништво, изнуда или проневера на имот во вонредна состојба се заканува затворска казна од 5 до 15 години, во зависност од тежината на делото. Исто така, за разбојништво на боиште едно лице ќе се казни со затвор од 5 до 10 години.
Зеленски претходно изјави дека некои политичари во Украина бараат врски со Русија и работат на поделба на општеството.
„Добиваме различни сигнали дека некои политичари повторно бараат врски со Русија. А некои други работат на расцеп, спротивно на единството“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

