Свет
Зеленски: Разговарав со Вучиќ, благодарам Србија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија за „зајакнување на односите меѓу двете земји“.
„Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж да се постигне мир што е можно поскоро“, објави Зеленски на „Х“, поранешен Твитер.
„На почетокот на оваа недела ги прифатив акредитивните писма на новиот амбасадор на Србија. Верувам дека обновената и полноправна работа на српската амбасада на чело со амбасадорот ќе ја подобри нашата соработка“, додаде украинскиот претседател.
Србија под водство на Александар Вучиќ зазеде амбивалентен однос кон војната во Украина. Иако формално го поддржуваше територијалниот интегритет на Украина во Обединетите нации, таа не се приклучи на санкциите на Европската унија против Русија.
Владата на Вучиќ истовремено одржува блиски политички и економски врски со Москва, што наиде на критики од Западот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Пропаднатиот поранешен претседател на Русија треба да биде внимателен што зборува

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планира да воведе царини од 25 проценти за производи од Индија. Тој ја обвини таа земја за, како што тврди, превисоки царини и блиски односи со Русија.
Тој објасни дека новите царини за индискиот извоз во САД ќе стапат на сила на 1 август, заедно со дополнителни казнени мерки поврзани со купувањето руска нафта и оружје.
Сегашната царинска стапка за индиските производи во САД е десет проценти. Трамп ја нарече Индија земја со најсложени и најнезгодни немонетарни трговски бариери во светот. Набрзо објави на својата социјална мрежа „Truth Social“, каде што рече дека не го интересира што прави Индија со Русија и дека САД и Русија речиси никогаш не соработуваат заедно.
„Нивните царини се меѓу највисоките во светот. Ако сакаат да соработуваат со Русија, нека го прават тоа, но нека бидат внимателни бидејќи влегуваат во многу опасна зона“, рече Трамп.
Тој конкретно се осврна на Дмитриј Медведев, кого го нарече „пропаднат поранешен претседател на Русија“, велејќи дека мора да внимава што зборува.
Трамп објави дека ќе воведе царини за Москва во рок од десет дена ако Кремљ не се согласи да ја запре војната во Украина дотогаш. Медведев, сегашниот заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, остро реагираше на објавата.
„Се игра со ултиматумот со Русија – 50 дена или десет. Треба да запомните две работи – прво, Русија не е Израел, и второ, секоја нова закана е чекор кон војна. И не само со Украина, туку и со САД. Не ги повторувајте грешките на Поспаниот Џо“, напиша Медведев на X.
Фото: принтскрин
Свет
Авион со 288 патници наишол на силни турбуленции над САД: 25 се повредени

Авион итно слета на меѓународниот аеродром Минеаполис-Сент Пол откако 25 лица беа повредени поради „силна турбуленција“, јавуваат светските медиуми.
Летот 56 за Амстердам полета од аеродромот Солт Лејк Сити во 16:30 часот по локално време во средата. Летот требало да трае девет часа, но авионот бил пренасочен кон Минеаполис поради турбуленција.
Медицински персонал го пречекал Ербасот А330-900 за да ги „проценат патниците и екипажот“ кои пристигнале во Минеаполис. 25-те патници биле однесени во локалните болници на лекување. Компанијата соопшти дека „работи со патниците за да се задоволат нивните непосредни потреби“.
Во авионот имало 275 патници и 13 членови на екипажот. Според официјалните податоци од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот, во САД имало 207 сериозни повреди предизвикани од турбуленции од 2009 година, според официјалните податоци од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот.
Секоја година низ целиот свет има околу 35 милиони летови, а проценките сугерираат дека има околу 5.000 инциденти на силна турбуленција. Силната турбуленција се дефинира како состојба во која движењето нагоре-надолу на авион што минува низ турбулентен воздух врши сила врз вашето тело, која е доволна за да ве подигне од седиштето ако не носите сигурносен појас.
Свет
Медведев до Трамп: „Нека се потсети на своите омилени филмови за „живите мртовци“

„Не ме интересира што прави Индија со Русија. Тие можат заедно да ги уништат своите мртви економии, според мене.“
Оваа порака, објавена на социјалната мрежа „Truth Social“, е уште една во низата што американскиот претседател неодамна ги упати кон Русија, Индија и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, пренесуваат медиумите во светот.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, ги коментираше зборовите на Трамп на Телеграм.
„Ако некои зборови на поранешниот претседател на Русија предизвикуваат толку нервозна реакција од толку моќен американски претседател, тоа значи дека Русија е во право во сè и ќе продолжи да оди по својот пат.“
– А што се однесува до „мртвата економија“ на Индија и Русија и „влегувањето во опасна територија“ – нека се сети на своите омилени филмови за „живите мртовци“, како и колку опасна може да биде непостоечка „мртва рака“, напиша Медведев.
Фото: принтскрин