Свет
Зеленски: Светот е премногу исплашен да му одговори на Путин со сила
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, утрово, во францускиот парламент изјави дека Европа е континент во војна и дека Русија нема да ја запре својата агресија на границите на Украина.
„Живееме во време кога Европа, за жал, повеќе не е континент на мирот“, рече Зеленски во обраќањето пред француските претставници.
„Уште еднаш, европските градови се уништуваат и селата горат“, рече тој за руското бомбардирање на Украина. Тој исто така ги осуди киднапирањата на украинските деца на окупираните територии.
„Ова што се случува сега е против Украина. Но, утре може да биде насочено кон други земји, а ние веќе јасно ја гледаме насоката на агресијата: балтичките земји, Полска, Балканот“, посочи тој.
„Рускиот режим не гледа никакви граници, па дури ни Европа веќе не е доволна“, рече Зеленски посочувајќи на руските воени акции во Сирија и зголеменото присуство на Москва во африканскиот регион Сахел.
Зеленски предупредува дека и рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ги ослаби земјите предизвикувајќи храна и енергетска несигурност.
Тој смета дека светот бил премногу исплашен за да му одговори на Путин со сила. Тој во неколку наврати ѝ се заблагодари на Франција за воената и за дипломатска поддршка откако претседателот Емануел Макрон синоќа најави испраќање борбени авиони во Киев.
Зеленски истакна дека победата е можна и покрај напредокот на Русите на фронтот.
„Можеме ли да ја добиеме оваа битка, секако – да“, увери украинскиот претседател, кој првпат зборуваше пред францускиот парламент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.

